vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во оние семејства каде што постои љубов, срдечност, меѓусебна човечка комуникација, почитување, заемно помагање, децата се развиваат нормално, со чувство на безбедност, емоционално се постабилни, достоинствени се, но и кооперативни.
Малото дете, долго време е беспомошно и затоа чувствува силна потреба за сигурност и љубов. Во овој период детето е многу чувствително суштество и затоа најсилното воспитно средство за него е љубовта. Некои истражувања покажуваат дека децата кои биле лишени од семејна атмосфера и љубов заостанувале во секој поглед од развојот. Тие покажувале слаб физичкиот развој, иако имале добра исхрана и хигиена. Особено слаби резултати биле забележани во нивниот ментален развој, нивниот ментален количник бил многу понизок во спредба со со оние деца кои живееле и се развивале во семејство (Фром, 2006).
Повеќето автори се сложуваат со тоа дека родителот за детето во развој претставува модел со кој тоа настојува да се идентификува. Затоа, сметаат тие, многу е значајно како се однесува родителот и какви особини поседува. На пример, многу е значаен односот на родителот кон другите луѓе, меѓусебниот однос на брачните партнери, односот кон обврските и работата, кон основните општествени и етички вредности итн. Децата немајќи достатно искуство, многу често безрезервно се идентификуваат со родителите бидејќи бескрајно им веруваат. Затоа, некои автори забележуваат дека може да има тешки последици во развојот на детето ако до својата десетта година нема и други ,, значајни” личности со кои тоа би се идентификувало.
Улога на воспитанието
Воспитанието е битна општествена дејност, функција и појава. Тоа се издвојува како посебен решавачки фактор за развојот на личноста поради две основни причини:
Според тоа, иако воспитанието како свесна и организирана дејност, претпоставува и самодејност, т.е. самовоспитание на индивидуата насочено врз сопствениот развој. Во таа смисла воспитанието претставува одговорност на општеството за развој на своите членови, но претпоставува и лична одговорност и свест за сопствениот развој на секоја индивидуа одделно.
Моќта на воспитанието врз развиотокот на личноста доаѓа до израз особено во манифестирањето на некои посложени наследни диспозиции, особено во развојот на интелигенцијата и некои психомоторни способности. Меѓутоа, воспитанието неможе да се изедначува со развитокот на личноста. Имено, прво, врз развојот на личноста дејствуваат и други фактори , а не само воспитанието, и второ, во развојот на личноста ,,не влегува” секое дејство на воспитанието туку само она што активно е преработено.
дипломиран психолог, магистрант по развојна психологија
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Колку сон и е потребен на трудницата?
Бременоста носи големи физички и хормонални промени, па заморот и потр...
Што чувствува мајката за време на породувањето?
Породувањето е различно за секоја жена. Некои чувствуваат силна болка,...
AMH и женската плодност. Што треба да знаете?
AMH (антимилеров хормон) е хормон што се создава во јајчниците и најче...
Кои навики помагаат во секоја фаза од бременоста?
Бременоста носи различни потреби во секој триместар. Не постои совршен...
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето. ...