|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Св.Валентин–мажите го мразат, а ние го обожаваме

Редакција Рингераја, 14.2.2012
Денес е Св. Валентин. Со него пристигна и целата еуфорија која го придружува денот на вљубените. Срца, кадифени играчки, рози, чоколада, вечери во ресторан. Жените се инфицираат со љубовната еуфорија, а мажите...Мажите се рамнодушни

image
/11


Си размислувал ли дали твојата партнерка би се возбудила од идејата да ти купи плишано срце на кое ќе пишува “Те сакам”? А да помине цела вечер на вечера со свеќи во некој ексклузивен ресторан, гледајќи те во очи? Мислиш ли дека тоа е доказ дека е длабоко вљубена во тебе?


Да бидеме искрени – мажите го празнуваат Св. Валентин бидејќи знаат дека тоа нас ни значи многу. За нив не е важно дали ќе покажат безрезервна љубов на 14. февруари, со сите комерцијални работи кои го отсликуваат овој празник, или на 10. март, 15. април и т.н. Колку подолго го празнуваме овој ден, толку повеќе се навикнуваме на традицијата која потоа треба да ја почитуваме. Со љубов или без, Св. Валентин е повод за празнување на секој пар.
Сите ќе се согласиме дека во основата на овој празник лежи и драматизам. Токму заради тоа што често сакаме да бидеме во улогата на принцези, толку многу го обожаваме овој празник. Мажите, за разлика од повеќето жени, се приземни и малкумина од нив паѓаат пред љубовта која им ја покажуваме и не го прифаќаат Валентин за празник кој треба да го слават за да не' направат среќни. Нема зошто да ги обвинуваме. Самиот факт што учествуваат во оваа лудорија заради нас е доказ дека не сакаат.


Можеме да најдеме повеќе причини заради кои мажите не го сакаат празникот Свети Валентин. Тие се многу попрактични од нас и не сакаат да ги дадат парите за бесмислени плишани подароци, кои немаат друга функција освен таа да собираат прашина. Освен тоа, денот на вљубените се совпаѓа со празникот на мажите – Св. Трифун на кој спокојно можат да се напијат со пријателите по машки. Да не зборуваме за тоа дека многу од нив се досадуваат од прекумерната романтика и излив на чувства толку на тој ден, по одреден повод и на начин на кој тоа го прават сите наоколу.


Мажите не обожаваат клише што од своја страна го прави празникот досаден за нив, особено ако го слават неколку години. Сценариото им е познато: резервација во ресторан, цвеќиња, чоколадо, изненадување...
За разлика од нив, ние жените обожаваме да бидеме сакани. Обожаваме кога нашата половина ќе ги покаже своите чувства, кога ќе не опсипе со комплименти, кога ќе направи да се почувствуваме сакани и уникатни. И сето тоа да биде јавно прикажано. Прикажано пред целиот свет! Да не бараме многу?


Кај некои девојки чувствата кон самата љубов се посилни од љубовта која ја чувствуваат кон човекот кој е до нив. Ние жените сме задоени со идеалистичка претстава за љубовта и со нејзината важност во нашиот живот. Сите овие чувства ја наоѓаат својата реализација токму на денот на вљубените. Тоа денот во кој ние сакаме  да ја добиеме целата љубов на земјата.


Ние жените го обожаваме Свети Валентин! Заради начинот на кој го славиме, заради тоа што добиваме дупла доза на љубов од вообичаената, заради тоа што не тера да се чувствуваме барем неколку денови поразлично во досадната зима. Тврдењето дека “треба да се чувствуваме сакани секој ден, а не само на 14. февруари” е по клиширано од самиот празник. Се разбира дека треба да сме сакани и да сакаме секој ден, но особено романтично и убаво е да има еден ден одреден само за љубов. Не е важно што е католички празник и што постојат многу други “убедливи” причини да не го празнуваме.



Секако дека има жени бунтовнички кои не го поднесуваат овој празник и мажи романтичари, кои се заљубени во него. Вистината е дека Св. Валентин не е толку распространет и општо прифатен празник затоа што има многу вљубени двојки, туку затоа што има многу жени кои сакаат да бидат предмет на нечија љубов.

Продолжен е зимскиот распуст за учениците
Зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта ќе продолжи и наредните два дена. Второто полугодие почну...
5
Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
4
Пораснав со гневна мајка
Јас пораснав со гневна мајка. Таа врескаше по мене бидејќи сум го истурила млекото, ме тепаше бидејќи и презборував и си...
4
Куќичка од чоколадо направена во Париз
Зачекорете во светот на бајките. Куќичка од чоколадо во стилот на Јованче и Марика, направена во Париз
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali poveke sakate masko ili devojce da imate?
nataly_13215



masko (25%)

zensko (29%)

seedno mi e (47%)


Број на сите гласови: 159

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!