|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Силување со родителска љубов?!

Редакција Рингераја, 18.2.2016
Впечатлив текст за тоа како несакајќи го расипуваме животот на нашите деца, доведувајќи ги до неврози, несамостојност и ниско самопочитување
Клучни зборови:

image
/11


 

“Децата се светилник. За  децата само најубаво. Барем тие нека проживеат/ Цвеќе на животот. Радост во куќата. Не грижи се сине – тато ќе направи се за тебе...”

Непрестаното слушање на овие зборови како од некоја песна, од некои причини многу ми здосади. И како родител и како бившо дете и како иден дедо. Не би било доволно само да ги сакате вашите деца? Не е ли време да почнеме кон нив да се однесуваме човечки?

Лично, не би го избрал овој момент за да се родам. Има премногу љубов. Штом си добил датум на раѓање, веднаш стануваш кукла. Мама, тато, баба, дедо, само чекаа за да почнат на тебе да ги задоволуваат своите комплекси и нагони. Те хранат додека не пукнеш. Ти носат дома масер за деца. Ти облекуваат, на сеопшто воодушевување, фармерки и капут, иако се уште не умееш да седиш. А ако си девојче, на 9 месеци ти ги дупат ушите и ти ставаат златни обетки. Не е важно колку чинат, омилената тетка Дара ќе ти ги поклони.

До третата година играчките повеќе не ги собира во детската соба, а до шестата години и викендичката е премала. Од ден во ден најпрво те возат, потоа те носат во продавниците за детска облека, во ресторан и PC  играчница.Посебно надарените мајки и баби спијат со децата до нивната десетта година, се додека тоа не почне да влече на педофилија. А да – за малку ќе заборавев. Таблет! Детето задолжително мора да има таблет. Може и ајфон. Од третата година. Бидејќи Мика има, малка му му купила, а таа заработува помалку од нас. Дури и Тања од другата група има, а таа живее со баба и.

Пред да тргнете на училиште обично завршува периоодот “кукла” и детето почнува да добива на тежина, од силното хранење. Тие шрекрасни родиртели конечно гледаат дека  како нешто погрешно да направиле. Детето има вишок килограми, лош карактер и синдром на дефицит на внимание. Сега со истиот тој ентузијазам, родителите го носат детето кај диетилози, педагози, невролози и пдихолози. Роднините бараат некакво чудо, кое ќе му донесе на детето магично оздравување, а притоа да не се менува ништо во начнот на воспитување и хранење. На тие цели се трошат многу пари, нерви и време. Резултатот е нула запитка нула и нешто.

Кога залудноста на потрошената снага ќе стане очигледна, почнува фаза на губење на страста. Тогаш сите прекрасни родители веднаш почнуваат жестоко да ги напаѓаат своите деца: “Ние за тебе се, а ти...!” Разликата е во тоа што кај некои родители тоа предизвикува дефинитивна капитулација, после што доаѓа до испраќање на тинејџерот во образовна установа од затворен тип (на пр. Воена академија),  а други во главата бесконечно го вртат филмот “Ти си мојот крст”

Кога ќе се поморат со тоа дека “од ова дете нема нипто да биде”, продолжуваат, од веќе пораснатото дете да прават личност. Го вадат во војска, го запишуваат на приватен факултет, подмирувајќи ги професорите, покривајќи ги сите тековни трошоци, купуваат стан, кола, го ставаат детето на работа преку врски. Ако детето не е баш талентирано, оваа стратегија носи тешки, лажни плодови – добиваме психички осакатен, но прилично исправен граќанин.

Култот на детето во нашата цивилизација, не се појавил толку одамна – пред пеесет, шеесет години. Тоа е една прилично вештачка појава исто како Дедо мраз кој излегува од шишенцата Кола Кола.

Љубовта кон детето се става во погон, уште во првиот момент. Само треба да се вклучи мерач.

Тоа не значи дека децата порано не беа сакани. Беа и тоа како. Но од првиот момент на блесок на свеста, знаеја дека се само еден мал дел од огромниот универзум кој се вика наше семејство.

Денес ни се сервира модел на семејство кое се гради околу детето. Тоа е очигледно губитничка категорија, која постои само за да изнуди пари од семејствата. Од гледна точка на маркерингот идеален татко не е оној кој го поминува своето слободно време со тато, го носи во парк, го учи да вози велосипед. Идеален татко е овој кој нема слободно време, бидејќи постојано работи, трудејќи се да заработи за двочасовна посета на аквапарк.

Една убава индиска поговорка вели:”Детето е гостин во твојот дом, нахрани го, воспитај го и пушти го.”

Да нахрани може и будала = да воспита – тоа е малку потешко, но да умеете детето, од првите моменти на неговиот живот секогаш по малку да го пуштате од себе – тоа е љубов.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
7
Интервју со Елена Мазниковска: Станав мајк...
Елена Мазниковска е сопруга, мајка и блогерка. Ви ја претставуваме нејзината страница на Инстаграм и ви ја споделуваме н...
5
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
4
Како да препознаете дисхармоничен развој к...
Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психом...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?