Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
За сите оние што постојано се во потрага по уникатни нешта и моменти, Fashion & Lifestyle Expo ’18 и оваа година на едно место ги собира брендовите и компаниите чии производи, дизајни и услуги се стремат да го постигнат токму тоа – врвен квалитет и уникатен дизајн кои го предизвикуваат “обичното”.
Гемак и Skopje Cocktail Week ќе подготват мошне интересни коктели, а СКОПСКО Smooth ќе ви овозможат да ја дизајнирате вашата уникатна, персонализирана маичка.
Во изложбениот дел ќе можете одблиску да погледнете автомобили, современи парчиња мебел, ексклузивни бањи и креативни решенија за уредување на ентериер, рачно изработен, уникатен луксузен накит, аксесоари, драги камења и минерали, рачно изработени чевли, врвна декоративна и органска козметика, предмети од дрво и креативни идеи за декорирање и оплеменување на просторот. Оваа година во излжбениот дел учествуваат Гемак, Скопско Smooth, Timeless, Twelve, Jo.An, Alshar, Cekic Filigran, Македонски рубин – Деко, Rivedil, Pierre Cardin Home, Тимст, Rubinettino, Преплет, ITA Brand, Ксантика, Каталеја, Atelje Marjak, Гоца Каникова, Нина Нинеска, DOGO, Бреинобреин, Smart Living, Iskra & Lidiya, Kia Motors, Tesori DI Mare, Lotus Lounge Chair, Luxin, Inglot Cosmetics, а повеќе за секој од нив можете да ги погледнете на овој линк.
Дневната програма и двата дена ќе започнува во 15 часот, а истата е интерактивна и осмислена, така што секој посетител свесно или несвесно ќе биде дел од истата, а за да се задоволат различните желби, вкусови и потреби на публиката, активностите ќе се случуваат на неколку активни сцени, вклучувајќи ја и изложбената поставка.
Вечерната програма започнува со отворањето во четврток [22ри март] од 20:00 часот, со најдобрите коктели од Skopje Cocktail Week, по што ќе следи концерт на музичарите од Трениг центарот ЕВА. Во 21 часот ќе можете да ја погледнете ревијата “Чувства”, за најновата колекција на JO.AN, а за атмосферата до крајот на вечерта ќе биде задолжен Dj Boogieman.
Во петок [23ти март], вечерниот дел ќе започне со дегустација на врвните вина од винаријата Тиквеш, по што ќе имаме прилика да не’ инспирира уметноста на Италија со Rivedil, модното шоу на ALSHAR за колекцијата Spring Breakers, а настанот ќе го заокружат урбаните звуци на Зоки Бејбе.
И оваа година во BEAUTY BAR, припадничките на понежниот пол ќе имаат можност да се разубавуваат со бесплатни козметички третмани, шминка и фризура, неврокозметиката и органската козметика, а најсреќните ќе добијат и вредни поклони. Creative Hall и оваа година ќе понуди бројни креативни работилници и презентации, каде ќе имате можност да совладате нови вештини и сами да изработите уникатно парче. Работилниците се дизајнирани за да ја предизвикаат вашата креативна мисла, а се отворени за секој посетител. Пријавите се отворени на овој линк.
За целосната програма, распоредот и учесниците, следете ја официјалната страна на Fashion & Lifestyle Expo и официјалниот настан.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?