Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
За среќа, постојат едноставни трикови за да се избегне драмата, но потребно е малку трпение.
1. Нормално е тоа што детето се чувствува несигурно кога е во фокусот на вниманието во непознат простор и меѓу непознати луѓе, особено ако сите му викаат да седне на столчето “заробено” во заштитна кецела. Затоа почнете обратно. Прво однесето го детето да го види салонот и да се запознае со фризерот. Најдобро за него ќе биде незадолжителна посета на салонот во придружба на некој член од семејството.
2. Не бидете изненадени ако детето се плаши од ножици, особено ако дома му имате врежано во глава дека не смее да ги допира ножиците без прашање, бидејќи би можел да се повреди. И зуењето и непосредниот допир со “машинката” за шишање можат да бидат непријатни за детето. Оттука треба да му се објасни како и зошто ножиците и апаратот се користат во фризерскиот салон.
3. Шишањето нека биде игра, а не “сериозна работа”, која треба да се заврши без губење време. Дома играјте се фризер, а кога одите во фризерски салон, земете ја со вас и омилената играчка на детето.
4. Најсоодветен избор на салони се оние кои се специјализирани за деца, бидејќи целиот ентериер е адаптиран за најмладите и постојано доаѓаат и други деца. Ако не можете детето да го однесете во таков салон, изберете фризер кој веќе има искуство во работа со деца.
5. Одвраќање внимание речиси секогаш “пали”, па дури и ако детето ви ја потроши батеријата на телефонот играјќи видео игри.
6. Ако детето се плаши од фризер, сигурно нема да го примените правилото “клин си клин се избива.” Со сила стравот се зголемува и може да се конвертира во фобија. Ако детето е премногу мало или премногу немирно да седи само, задолжително е да седне во скутот на мајката или таткото. По пат можете да го окупирате со некоја играчка или цртанка.
7. Најдобро е за време на шишањето децата да седат спротивно од огледалото. На тој начин нема да гледаат што се случува.
8. За да не се исплаши детето повеќе, избегнувајте миење на косата во салонот. Доволно е косата малку да се попрска со вода пред шишањето.
9. Не ги игнорирајте детските желби – изгледот веќе во предучилишна возраст е важен и за најмладите – но во одредени рамките почитувајте го неговото мислење. Така ќе сфати дека тоа не е исклучено од она што се случува, туку дека и самото зема учество во креацијата на косата.
10. По шишањето пофалете го вашето дете дека е добро и восхитувајте се на неговата убава фризура. Можете и едно селфи за спомен – на децата ќе им се допадне заедничкото селфи кое мама и тато гордо ќе го покажуваат.
забава Бремените
Автор: bobik
Прва помош при потешки повреди
Тешко надворешно крварење, гушење, давење, труење......
Родители како го пофалувате вашето дете?
На прв поглед, пофалбата изгледа како најдобар начин да се мотивира де...
Прва помош при полесни повреди на игралиште
Модринки, отоци, мали гребнатинки, мали исекотини......
Кога секојдневието мириса на љубов
Денес ќе зборуваме за едно чувство што сите го разбираме, но тешко го ...
Почетокот на секоја промена е едно „зошто“
Некои луѓе ја бараат смислата на своето битие цел живот. Други мислат ...