vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Иако знаеме дека не е лесно да се биде родител и дека е невозможно се да биде совршено, сепак секој од нас ги гледа недостатоците кај своето дете, кои директно се поврзани со некоја одлука, што сме ја донеле во текот на родителството.
Лесно и прерано сте му дале телефон на детето? Константно се грижите и го спречувате детето да се вклучи во нормална игра за да не се извалка? Не се грижете, секој нешто би променил.
Блогерката Алекс Ричардс наведува девет работи кои таа поинаку би ги направила, кога би можела повторно да ги воспитува своите деца.
Би била полицаец за грицки
А тоа би значело дека грицките би биле забранети. Во рекламите ни се претставуваат како нешто вкусно, некои дури имаат и овошје во себе, но и покрај се тоа не е добра храна.
Би објаснила (не само да наметнувам) убави манири
Добро е кога мојата ќерка можам да ја поттикнам да каже „молам“ и „благодарам“, но сакам таа да разбере зошто ги користи тие зборови. Навистина не сакам кога мојот син вели „извини“, а по неговиот глас е јасно дека воопшто не е заинтерсиран.
Би го вовела попладневното спиење
Никогаш не ми одеше од рака почитувањето на распоредот за попладневен одмор. Кога го дојам мојот мал син му дозволувам да ми заспие на градата, задоволно нишајќи го еден час, додека тој спие. Кој е резултатот од тоа? Беб кое плаче и не дозволува се стави во креветче во попладневните часови
Би била поупорна околу воведување нови намирници
Моите деца би можеле да живеат на хот-догови и рибни стапчиња кога јас би им дозволила. Се обидов да им дадам различни видови зеленчук и месо, но децата навистина се тврдоглави.
Би работела повеќе Кегелови вежби во текот на бременоста
Ова нема многу поврзаност со воспитување на моите деца, но кога веќе го враќам времето…
Би ги балансирала детските пријателства
Мојата петгодишна ќерка има стотина другарки (во ред десетина). Кога беше бебе, многу трчав надвор да ги запознам другите мајки, но сега нејзиниот живот е многу зафатен. Сите гледања со нејзиното друштво и роденденските забави не оставаат доволно време за барање другари за нејзиниот мал брат и многу ми е жал.
Поретко би викала
Тоа звучи многу лошо. Вообичаено сум во зен состојба и лотос позиција, но понекогаш сум уморна сто пати да го поставувам истото прашање или да очекувам да видат облечени деца наместо секогаш да ги носам босоноги.
Често би ги пуштала да бидат нечисти
Кога би влегле во мојата куќа најверојатно би сте се изненадиле кога ќе слушнете дека јас не сакам неред. Но навистина, не ги бојади сите ѕидови во бело за да можат тие да ги шараат или намачкат со отисоци од нивните рачиња.
Би почекала малку подолго време да имам второ дете
Разликата меѓу моите деца е четири години но, да бидам искрена, некогаш сакам таа разлика да биде шест или седум години. Ја разбирам целата предност на малата разлика меѓу децата, но мислам дека за мојата ќерка би било подобро повеќе време да биде единица кога и јас имав помалку обврски.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...