|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што ако 9-месечно бебе не реагира на довикување?

Редакција Рингераја, 7.6.2019
Една од најголемите дилеми кај родителите е кога е вистинското време да се советуваат со стручно лице ако забележат дека нивното дете има некаква аномалија во говорот
Клучни зборови:

image
/11


Фондот на зборови со кои децата располагаат на одредена возраст, неповрзувањето на три и повеќе зборови во една мисловна целина, неправилното изговарање на одредени букви во школска возраст, целосно отсуство на говор кај двегодишни деца, се само дел од појавите што ги плашат родителите кога станува збор за говорот на нивните деца. Една од најголемите дилеми кај родителите е кога е вистинското време да се советуваат со стручно лице ако забележат дека нивното дете има некаква аномалија во говорот. За оваа, но и за другите слични дилеми разговаравме со Бранкица Митрески, логопед и консултант/терапевт за деца со проблеми во говорот.

Најголемата дилема на родителите е кога е вистинското време да побараат стручна помош ако забележат проблеми во говорот кај нивното дете? На која возраст треба да го направат тоа?

- Никогаш не е прерано. Комуникацијата и говорот (невербалниот и вербалниот) се развиваат уште од првиот ден од животот на бебето, плачот е првата комуникација на детето со мајката. Уште во првата година бебето комуницира преку гугање, редење слогови во низа, брбори с? додека не се појави првиот збор со значење, кој, според развојните норми, се очекува околу навршувањето една година или со самата вертикализација на детето, односно проодувањето. Детето кога почнува да оди самостојно, и развојот на говорот оди по нагорна линија, како рецептивниот така и експресивниот говор. Постои една груба развојна норма за говорот во првата година на детето што често им ја кажувам на родителите што се обратиле во мојот кабинет за помош - гугање се јавува кога детето ја држи главата исправена, кога почнува да седи - се јавува брборењето, кога почнува да стои - се јавуваат првите зборови и кога оди самостојно - почнува брзиот развој на свесниот говор. Говорот треба да се стимулира уште од раната возраст. Доколку родителите забележат или им е посочено за некакви проблеми при развојот на двонасочната комуникација, треба и можат да се консултираат со логопед, со што ќе се запознаат со развојните норми на говорот.

Како може родителите да препознаат дека нивното дете навистина има проблеми со говорот, кои се симптомите што укажуваат на некаква неправилност? 

- Првите симптоми после гугање и брборење се кога детето не реагира на своето име кога го довикуваат, што во нормалниот развој се развива меѓу осмиот и деветтиот месец. Разбирањето и исполнувањето на основните вербални налози е исто така еден од симптомите што загрижуваат, како и кога детето не посочува со поглед или рака на прашањето каде е мама/тато? Од едногодишна возраст прогресивно расте разбирањето на поимите за предмети и лица што го опкружуваат. Оттаму, самото разбирање го притиска експресивниот говор и детето експериментира, се забавува со говорот и с? повеќе вербализира и повторува слушнат говор (зборови).

 Честопати родителите се исплашени затоа што нивното дете на една и пол или две години не зборува или има мал фонд на зборови. На која возраст се очекува децата да зборуваат поврзувајќи неколку збора во целина? Постои ли некој одреден фонд на зборови кој треба да го имаат на 1,5 или две години? 


- Не само експресивниот говор, односно зборувањето треба да ги загрижува родителите. Слушањето и разбирањето на говорот се исто толку важни колку и продукцијата на говорот. На возраст од 1,5 година детето треба да исполнува налози со два елемента, да покажува барем 5 дела на телото на себе, до таа возраст детето може да има свој жаргон, што на 1,5-годишна возраст веќе преминува во артикулирани зборови. Честопати децата знаат да повторуваат зборови што ги слушаат, но без контекст и без значење. Таквиот ехолаличен говор знае да ги збуни родителите. Тоа е една фаза на самопоттикнување, но секако дека треба и да постојат изолирани зборови кои детето ги користи самостојно. Фондот на зборови до 1,5 година би требало да достигне од 30 до 50, но на почетокот на втората година почнува смислено да поврзува два збора, во тоа време најчесто користат поим и дејствие (именка и глагол), поставува основни прашања и за себе зборува во трето лице. Подоцна во втората година се очекува правилно да ги користи заменките јас/ти и веќе кон крајот на втората година треба да поврзува три и повеќе збора иако реченицата е со неправилности.

Дали отсуството на говорот до одредена возраст секогаш се поврзува со одредени пречки во развојот кај детето или, пак, тоа може да се должи и на други фактори? 

- Многу често родителите знаат да посочат дека детето не зборува иако е с? во ред со него. Првиот аларм за родителите е отсуство на говорот, а тоа се случува меѓу втората и третата година кога увиделе дека детето не зборува. Говорот никогаш не е прво засегнат, никогаш не е првично нарушување, отсуството на говор многу често се должи на забавен психомоторен развој, оштетен слух, недоразвиен орално-моторен апарат, како и аномалии на него.
  
Забележливо е дека голем дел деца во претшколска, но и школска возраст најчесто имаат проблем со изговор на буквите р, л, с, џ, ш, з... Кога родителите бараат стручна помош за корекција на овие букви, најчесто првото прашање им е: „За колку време тоа може да се среди?“ Може ли да се даде конкретен одговор на тоа прашање? 

- Онтогенезата на развојот на гласовите е прецизна. Секој глас се појавува во одредена возраст кога артикулираниот апарат е спремен и кога детето има орално-моторна контрола врз апаратот, но секогаш постои и толеранција за формирање на сите гласови. Најчесто родителите реагираат и бараат стручна помош во годината пред детето да тргне во училиште и во зависност за кој глас се работи, така се дејствува. Но, крајниот развоен период на сите гласови е 5,5-годишна возраст. Планот и програмата за секое дете е индивидуална и секое дете различно ја прифаќа работата со логопедот. Возраста на детето, правилната поставеност на артикулираниот апарат (загриз, френулум, долна вилица, јазик, усни), правилна респирација, емоционалната стабилност, однесувањето и навиките на детето влијаат врз третманот и брзата корекција. Од тие причини невозможно е и неблагородно да се дава временска рамка.

Кои се најчестите грешки што ги прават родителите, а со кои го отежнуваат развивањето на говорот кај децата?


- Денес најголемата грешка на родителите се уредите како таблет, телефон или со еден збор - екраните. Кај дете на едногодишна возраст кое ја прима силната визуелна и аудитивна стимулација од екранот, неговиот нервен систем е толку заситен и престимулиран што преработката на тие дразби го доведува да нема потреба од двонасочна комуникација. Децата оставени пред екраните не чувствуваат потреба да комуницираат, многу често ги повторуваат зборовите или фразите што ги слушаат од екраните, но тоа не е комуникација, а особено не е двонасочна комуникација. По таа силна дразба секако дека сликовницата нема да ги интригира и привлекува. Со тоа се нарушува и спонтаноста, функционалната игра која го стимулира детето повеќе да брбори, зборува, потпевнува, игра со интонацијата на гласот, едноставно да се забавува со говорот. Исто така, детето нема потреба да зборува с? додека блиските го разбираат неговиот нецелосен говор (разгален говор-бебешки) придружен со гест или покажување со прст што го користи за задоволување на своите желби. Родителите многу често по втората година користат шишиња со цуцли за пиење течност, како и цуцли-лажалки, кои уште повеќе им наштетуваат на децата и на целиот орален апарат. Штетат така што го засилуваат рефлексот на цицање, тој не созрева и не се губи, со цуцла-лажалка в уста детето нема можност да си го истражува говорниот апарат со јазикот, па дури и со прсти и секако не може да зборува додека ја има в уста. Децата уште од рана возраст треба вербално да се стимулираат од страна на возрасните и тоа преку слушање правилен говор, да го претвораат пасивниот во активен говор, преку раскажување и прераскажување на приказни и случки, опишување на работите што ги искусуваат, пеење песнички. Говорот кај децата со типичен развој е вербална слика на домот и на комуникацијата во него.


Извор

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Елементи во домот - фатални за децата!
Чајарници, соголени жици и стаклени чаши се опасни за децата. Колку други работи знаете?
4
Долче&Габана нова детска колекција
Нешто неодоливо слатко ни доаѓа од Долче и Габана оваа сезона. Нивната детска колекција ќе ве освои
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?