Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Свечено ветувам дека:
- Ќе мислам на себе како родител. Јас не сум само нечиј пријател, работник, нечие дете. Јас сум и родител. Тоа е можеби и најважната улога која ја имам.
- Ќе се обидам своето дете да го разберам и поддржам. Тоа нема никого освен мене. Дури подоцна врсниците ќе бидат значајни во неговиот живот, но дури и тогаш, јас ќе бидам негов родител. Други мајка и татко нема никогаш да најде.
- Ќе ги контролирам своите амбиции и ќе ги негувам неговите. Моето дете не треба и не мора да биде исто како мене. Тоа треба да има сопствени соништа и желби.
- Ќе разговараме, ќе се договараме, ќе преговараме. Комуникацијата секогаш ќе биде начинот за разбирање и основа за доверба.
- Ќе го казнувам кога ќе морам. Но само со зборови и без понижувања.
- Ќе ги извршувам ветувањата кои ги давам. Затоа ќе внимавам што ветувам.
- Ќе им дозволам право на грешка. Често заборавам дека моето дете е само дете. Тоа се развива и учи на сопствените грешки. Неопходно е за тоа да бидеме свесни.
- Ќе ја негувам неговата самодоверба. Ќе го пофалам кога ќе можам, не само за постигнатите резултати, туку и за вложениот труд.
- Ќе го почитувам неговото мислење. И мене во детството ми беше многу важно родителите да ме сослушаат и да го разберат она што сакам да им го кажам. Тоа му е важно и на моето дете.
- Ќе го запознаам детето со неговите права. Ќе бидам првата личност која ќе ги почитува тие права. Моето дете заслужува живот со полни права.
- Во секоја возраст детето освен права ќе има и обврски. Тие ќе го поттикнуваат неговиот понатамошен развој.
- Постојано ќе го потсетувам колку го сакам. Иако верувам дека тоа го знае, важно е тоа да му го покажувам. Така ќе го негувам нашиот однос, а тоа ќе расте со уверување дека има поддршка.
- Ќе се обидам на своето дете да му обезбедам и корен и крила. Така ќе се научи да се бори, да победува и да губи...бидејќи има каде да се врати...во безбедноста на домот и семејството.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...