|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пуштете ги децата да си играат надвор!

Редакција Рингераја, 30.1.2019
Обидете се да го направите она што го правеле и нашите родители – пуштете ги децата да си играат надвор. Уште подобро – одете и вие со нив!
Клучни зборови:

image
/11


Здравјето на нашите деца секогаш е на прво место, а не сме ни свесни на колку едноставен начин можеме да им обезбедиме добар и квалитетен развој. Една од најважните работи е да му дадеме на детето шанса што повеќе време да поминува играјќи надвор.

Постојат многу нешта по кои денешните генерации се разликуваат од претходните, но најголемата контраст која ја забележуваме е тоа колку време децата поминуваат надвор. Постојат многу причини заради кои денешните деца многу малку време поминуваат надвор, што вклучува употреба на електронски апарати, преоптоварен распоред на активности и обврски, грижа заради штетното влијание на сонцето, па и тоа што многу семејства немаат простор за игра на децата. Не е само до децата, туку и возрасните денес се премногу затворени меѓу ѕидови и многу малку време поминуваат надвор.

Ќе издвоиме шест основни причини заради кои детето треба да поминува повеќе време надвор:

 

Сончева светлина

Да, изложеноста на сонце, како што знаеме, може да предизвика рак на кожата. Сепак, на нашето тело сонцето му е навистина потребно. Престојот на сонце поттикнува создавање на витамин Д, кој е од животно значење во многу процеси во телото, од развојот на коските, до развој на имунитетот. Изложувањето на сончева светлина исто така има значајна улога и на други начини, како здрав сон и подобрување на расположението. Нашето тело многу подобро работи кога е секојдневно и во доволна количина изложено на сончева светлина.

 

Тренинг

Нашите деца би требало да бидат активни надвор барем еден час во денот, а излегувањето надвор секако ќе ги активира. Секако дека може да вежбаат и дома, но престојот на воздух, посебно играњето со топка или возењето велосипед ја поттикнува активната игра, што е најдобар тренинг за детето.

 

Предводнички функции

Постојат одредени способности кои ни помагаат да планираме, да правиме приоритети, да преговараме, да правиме повеќе работи во исто време, кои се круцијални за понатамошен успех во животот. Во овој список можеме да ја вброиме и креативноста, како и употребата на фантазијата. Децата треба да поминуваат време и со други деца и да им биде овозможено сами да смислуваат свои игри, да откриваат, да ги разбираат работите околу себе, да се забавуваат. Престојот надвор им дава можност да ги вежбаат овие важни животни вештини.

 

1

 

Ризикување

Потребно е некогаш децата и да ризикуваат. Како родители, секако дека ова не плаши, бидејќи сите сакаме нашето дете да биде на сигурно. Сепак, доколку премногу ги пазиме и не им дозволуваме да ризикуваат, нема да знаат за што се се способни, а со тоа нема да стекнат ни самодоверба и храброст да се соочуваат со разните предизвици во животот. Да, секако дека може да скршат рака доколку паднат од дрво. Но тоа не значи дека не треба да се обидат, бидејќи лекциите кои ги учиме како деца ни помагаат да бидеме поуспешни.

 

Социјализација

Децата мора да научат да играат во група. Треба да запознаат други деца и да стекнуваат пријателства, да научат да делат и да соработуваат, да знаат да ги почитуваат другите. Доколку доаѓаат во однос со други деца само низ организирани околности, тие нема да имаат можност да научат се што би требало.

 

Почитување на природата

Нашиот свет константно се менува и тоа на полошо. Доколку детето израсне без прошетка во шума, копање на влажна земја, гледање на животните во нивното природно опкружување, без искачување на планина или посматрање на морското пространство, можеби никогаш нема да разберат што се може да биде изгубено. Иднината на нашата планета навистина зависи од нив, заради тоа треба да научат да ја почитуваат.

 

Значи, обидете се да го направите она што го правеле и нашите родители – пуштете ги децата да си играат надвор. Уште подобро – одете и вие со нив!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Чекорење напред! Детски чевли со оптимално...
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, извршен директор на Daumling Kinderschuhfabrik GmbH
4
Правила на безбедност при пливање
Почна сезоната на летни одмори, која е за многу деца највеселиот период од годината. Без оглед дали се капат во езеро, р...
4
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближно тригодишна возраст, поминувајќи низ фазата во к...
4
Зошто го задржав своето презиме кога се ом...
Зошто мора презимето да биде на сопругот? Зошто мора да биде комбинација на моето моминско и неговото презиме? Што сум ј...
4




Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?