|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Промовираме македонски автори: Александар Костадиноски

Марина Кљајиќ Петковски, 28.5.2022
Неодамна излезе од печат книгата ”Ѕвездени окови", првенче на Александар Костадиновски. Приказната е навистина уникатна и посебна а стилот на пишување на авторот е величествен, колоритен, живописен

image
/11


 

Несомнено, овој роман е новата ѕвезда која ќе го засени македонското литературно небо и ќе блеска долго! 

Најавена е и промоција која ќе се одржи во родниот град на авторот - Прилеп.

Честитки и желби за големи успеси до авторот, кој со задоволство ја прифати нашата покана. 

На прашањето Кој е Александар Костадиноски, тој вели : 

”Јас сум дипломиран графички инжинер, професор по стручни графички предмети во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ Прилеп, оженет, татко на Марко и Бојан, заљубеник во природата, историјата и фотографијата."

Рингераја: Кога ја откри љубовта кон пишувањето?

Александар: Па, јас би рекол дека пишувањето ме откри мене, затоа што во моментите на беспомошност и потреба да се споделат чувствата со некого едноставно зачука на мојата врата.

Рингераја:  Кога започна со пишување и како сфати дека тука „лежи“ книга?

Александар: Костурот на романот долго лежеше во моите мисли и планирав таму да стои за некои помирни времиња, но... Еден ден, додека се запознавав со учениците со кои за прв пат се среќавав прашувајќи ги за нивното хоби една ученичка ми рече „Пишувам книги“. Се изненадив и реков „Браво и јас имам готова книга во мојата глава, но ќе ја пишувам во моите пензионерски денови.“ Ученичката ме погледна и сериозна иако прв пат разговаравме ме праша: „Професоре, а зошто не сега!?“ Тоа А ЗОШТО НЕ СЕГА!? ѕвонеше во мојата глава се додека не се охрабрив и започнав со самиот процес на нејзино физичко создавање.

Рингераја:  Колку време беше потребно за да ја напишеш книгата?

Александар: Ова прашање има три одговори. 

Првиот: За да ја напишам оваа книга ми беше потребен цел живот, затоа што таа е сублимат на се она што во овие четириесет и две години доживеав, причитав, научив, почувствував и искусив.

Вториот: За да ја напишам оваа книга ми беше потребна една година за да го разработам нејзиното дејство.

Третиот: За да ја напишам оваа книга ми беа потребни 33 денови интензивно пишување.

Рингераја:  Што те инспирираше за да ја напишеш?

Александар: Мудриот кинески народ рекол: „За да живееш исполнет живот, роди син, посади дрво и напиши книга.“ Од сите три нешта кои водат кон исполнет живот мене ми беше останала само третата, да напишам книга. Сепак за да се напише книга не е ниту малку едноставна работа. За нејзиното создавање потребни се океан чувства кои како цунами ќе надојдат и ќе направат „пустош“. Од тој „пустош“ од тој пепел како Феникс ќе излета секој збор, секоја буква на белите страници и ќе создаде приказна.

Тие чувства секако беа предизвикани најмногу од лудото секојдневие содржано во безмилосното уништување на природата, напуштањето на вековните човекови етички норми, потсмевањето на се она што е македонски и секако „забавата“ која ни ја приреди пандемијата наречена Ковид 19. Лудило наречено ново нормално. Нормалното едноставно е нормално и секое друго негово преименување е измама, стапица во која треба да се уловиме и како муви во пајакова мрежа да ни бидат исцицани животните сокови. Нормално е само она што нашето срце вели дека е, само она кое Бог од памтивек го создал и благословил. 

 

 

Рингераја:  За која читателска публика е наменета?

Александар:  Како што на самата корица напишав, ова е книга за вредностите кои полека умираат, така да би рекол дека во неа ќе уживаат сите оние кои ја сакаат природата и нема да ги нервираат долгите описи за истата, оние кои ги сакаат авантурите, традициите, оние кои гордо чекорат по земјата Македонска затоа што се Македонци.

Рингераја:  Самиот си издавач, уредник и креатор на цртежите. Каков беше процесот на издавање? Каде читателите можат да ја набават? 

Александар: Процесот на создавање е еден од најдобрите и најубавите моменти во животот на еден човек, процес во кој тој своите чувства ги исковува во креации. Едноставно љубовта создава инспирација, а инспирацијата креација.

Книгата може да се најде на страната на M-Art Design.

Рингераја:  Кога да очекуваме промоција? 

Александар:  Помоцијата е планирана  на 1ви јуни 2022 година во близина на село Волково, Прилеп. Тоа е местото каде се одвива дејството во романот, така што промоција на „местото на злосторството“ би било очекувано и соодветно. Желбата промоцијата да биде токму таму ја потрепи фактот што на денот на излегување од печат на романот, во близина на Волково беше откриена античка градска бања од голем обем. Таа „случајност“ уште повеќе ја разгори мојата желба за една необична промоција.

Рингераја: Сите кои досега ја имаа честа да "патуваат" низ твоето дело, а дефинитивно и сите кои во иднина ќе го сторат тоа, имаат заеднички заклучок - "гладни" се за уште дела од Александар. Се надевам се согласуваш со тоа и дека имаш уште многу да споделиш со нас? 

Александар: Јас би рекол, да сме здрави и живи и Господ да не води низ трнливиот пат на животот, а останатото ќе го покаже времето. Тоа е една од најчудните и најнеистражените непознати во равенката наречена живот. Тоа нека биде сведок на моментите кои доаѓаат, тоа нека напише епитаф за животот кој сме го живееле. 

Му благодариме на Александар за издвоеното време. Му посакуваме успешна промоција, многу тиражи и се разбира, уште многу напишани дела.

Бидете во тек со најновите информации поврзани со творештвото на авторот, следете го неговиот Инстаграм профил

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
4
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?