|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Пролетно чистење на домот

Редакција Рингераја, 12.3.2011
Доаѓањето на пролетта е вистинска инспирација за освежување на домот, но ова не треба веднаш да Ве асоцира на макотрпна работа и исцрпување додека неуморно трчате со крпата низ куќа.

image
/11


 

 

Доаѓањето на пролетта е вистинска инспирација за освежување на домот, но ова не треба веднаш да Ве асоцира на макотрпна работа и исцрпување додека неуморно трчате со крпата низ куќа. Нашите совети ќе Ви покажат полесен начин за извршување на оваа тешка задача.

Неколку дена пред да чистите прошетајте низ куќа и проучете што се' морате да извршите. Концентрирајте се на поголемите делови кои Ви се најважни, а тоа се намештајот, куќните апарати и подот. Кога ќе завршите со тој дел од работата, останатото брзо ќе биде готово. Овој почетен план ќе Ви биде добра ориентација за тоа што Ве чека и ќе Ви помогне да ја избегнете гужвата кога ќе почнете со помалку важните активности.

 

Средства за чистење

Логично е да се погрижите да имате се што Ви е потребно за чистење – средства за чистење, крпи, метли и слично, што ќе Ви помогнат побрзо и полесно да ја исчистите куќата. Исто така подгответе и кеси за отпад и поголеми картонски кутии во кои ќе фрлате се што Ви е непотребно. Во чистењето на домот вклучете ги и другите членови на семејството. Чистете соба по соба, од горниот спрат кон долниот. Така ќе Ви биде полесно, отколку да чистите две соби одеднаш. Освен тоа, човек се чувствува подобро кога после завршената работа веднаш ќе види резултат.

 

Време е за фрлање

Во текот на чистењето задолжително фрлете го отпадот и непотребните работи. Не плашете се да го фрлите тоа што сметате дека не Ви е потребно. Ако нешто не сте користеле во последната година, веројатно нема да Ви затреба цел живот. Исто така проверете ги орманите во кујната и бањата. Исфрлете ги сите лекови и козметички препарати на кои им поминал рокот на траење. Исто така фрлете ги старите хартии, весници и другите непотребни работи кои сте ги наталожиле во домот во текот на зимата.

 

Исчистете ги маснотиите во домот без хемикалии

Измешајте сок од лимон со двојно повеќе вода. Со помош на тој раствор добро исчистете го фрижидерот и другите кујнски апарати. Оваа мешавина можете да ја ставите во шишенце со распрскувач за да можете полесно да ја нанесувате на површините, а ако во истата вода додадете и јаболков оцет, можете да ги исчистите и најтврдокорните дамки.

 

Средување на сезонската гардероба

Кога ќе пристигне топлото, пролетно време треба да се спакуваат топлите џемпери, капути и другата зимска облека. Средувањето на сезонската гардероба е едноставно, ако се придржувате на некои правила. Погрижете се кутиите во кои ја ставате облеката да бидат чисти, просторијата да биде темна и сува за облеката да Ви остане во добра состојба за следната зима.

 

Проверете ги електричните апарати

Сите очекуваме дека електричните апарати ќе не служат добро секогаш кога ќе ги вклучиме, независно од тоа дали редовно ги одржуваме и сервисираме. Темелно исчистете го фрижидерот, рерната, машината за миење садови и машината за перење. Со антибактериско средство исчистете ги вентилационите и клима уредите.

 

Средување на гаражата, визбата и таванот

Иако ова спаѓа во макотрпна работа и овие простории треба да се одржуваат. Средете ги полиците на кои Ви стојат новогодишните украси, спортската опрема, алатите и другите работи кои немате каде да ги оставите а можат да Ви затребаат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
3
Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
3
Двојазичноста во развојот на говорно–јазич...
Постојат многу истражувања за влијанието на двојазичноста во развојот на јазикот. Она што тие истражувањата го заклу...
3
Како да ги подготвите децата за новиот нач...
Интервју на Др. Ранко Рајовиќ за порталите Рингераја
3




Анкета

Избор на машко име:
Honey*

glasajte iskreno

Антонио (37%)

Алекс (26%)

Ано (4%)

Марио (33%)


Број на сите гласови: 270

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!