|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Правила на безбедност при пливање

Редакција Рингераја, 5.7.2011
Почна сезоната на летни одмори, која е за многу деца највеселиот период од годината. Без оглед дали се капат во езеро, река, море или на базен, потребно е да се потсетиме на сите можни опасности и да ги предупредиме децата на безбедносни мерки.

image
/11


 

 

Пливањето е најдобра вежба за целото тело и многу е забавно, но потребна е доза на внимателност, кога се децата во водата и покрај неа.

Давењето е еден од најчестите причини за смрт кај децата, но тоа не значи дека децата треба панично да се држат подалеку од секаква вода, туку треба да се надгледуваат кога е тоа можно и да се научат на основните правила на кои треба да се придржуваат, заради сопствена безбедност. Децата не треба да се пуштаат да одат сами на капење без придружба од возрасните,  а кога родителите одат со нив треба секогаш да ги држат децата на око, дури и ако се добри пливачи. Имено, од првото потонување под површината на водата, па до давење, периодот е многу краток и често не може да се реагира на време.

Децата со возраст од 1-4 години обично се капат во плитки базени, а се повеќе семејства имаат купено и монтирано базени во дворовите. Без оглед на тоа колку малку вода има во базенот, треба да се биде многу внимателен бидејќи луѓето можат да се удават и во чаша вода, доколку низа на несреќни околности така одредат.

Доколку детето е дури и на две минути вон родителски надзор, тоа е доволно време да се случи трагедија, детето да остане без воздух и да се здобие со сериозни и трајни повреди на мозокот. Кај малите деца задолжителен е родителски надзор. Гумите и мускулите за пливање не се дизајнирани да спречат давење и на нив не можеме да се потпреме 100%. За разлика од елекот за спасување, помагалата за пливање немаат сертификат на опрема за спасување на живот и нема да ја држат главата на детето над вода ни со негова помош.

Посебно внимателен треба да се биде во езерата и реките. Таквите води често на дното имаат скриени и изненадни премини во поголема длабочина, како и изненадни подземни ладни струи. Некои езера и реки на дното имаат заплеткани растенија во кои ногата лесно влегува. Во реките и езерата често не се гледа дното, па децата нема да видат по  што одат, а на дното може да има скршени шишиња и остри предмети. Заради се' наведено, потребно е големо внимание. Малите деца не смеат да влегуваат во река или езеро без елек за спасување, додека постарите би требало да бидат добри пливачи кои знаат да се однесуваат во вода според одредени правила.

 

Останати безбедносни мерки:

  • Добро е да се провери температурата на водата пред децата со загреано тело да влезат во неа. Ладната вода може да го шокира телото, што предизвикува покачување на крвниот притисок и забрзување на срцевите отчукувања. Може да се случи децата во шок да викнат па да им влезе вода во устата и белите дробови што е само чекор до давење. Исто така ладната вода ја намалува работата на мускулите и го отежнува пливањето.
  • Секогаш е добро да се плива во друштво со пријателите или членовите на семејството.
  • Не смее да се скока на други лица или да се потонуваат други лица под вода.
  • Доколку децата не се сигурни пливачи никогаш нека не одат до длабочина во која не можат да застанат.
  • Нека не пливаат за разни надуени реквизити во длабока вода и нека не си играат со реквизити кои се поголеми од нив и кои можат да ги поклопат.
  • Нека не џвакаат мастики во вода и нека не влегуваат во вода со полна уста со храна.
  • Не е пожелно да се пуштаат децата во море при силни бранови.
  • Одберете го делот од плажата на кој седи спасувач на висока столица, кој може да ги види пливачите.
  • Децата не смеат да стојат на работ на базенот, или да трчаат околу базенот заради опасност од лизгање, пад, повреда или удар на главата од работ на базенот.
  • Децата не смеат да скокаат во вода за која не се сигурни колку е длабока.
  • Децата не би смееле да нуркаат каде што не можат со нозете да го допрат дното.
  • Предупредете го детето дека треба да мавне со раката доколку се напие вода или има чувство дека не може повеќе да плива или да се одржува на вода. Во такви ситуации не е пожелно детето да вика, за да не му влезе вода во устата.
  • Во вода секогаш треба да се влегува со нозе, а не со скокање на глава.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
3
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?