|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Последици од попустливото воспитување на децата

Редакција Рингераја, 10.11.2014
Во последните три-четири децении преовладуваше модел на воспитување во кој се инсистира дека децата мораат да бидат среќни, а должноста на родителите е да ги прават среќни

image
/11


 

Бидејќи чувството на среќа кај детето е силно изразено кога родителите ќе му исполнат некоја желба, родителите тоа го прават и кога желбите на детето не се добри за него. Последица е попустливото воспитување во кое детето управува со родителот, а не обратно.Причина за тоа е што родителите не сакаат да гледаат пред себе несреќно дете.

Психоанализата покажала дека децата кои не добивале доволно љубов во детството израснуваат во невротични возрасни. Затоа родителите во прв план ги ставиле чувствата на детето. Денес, кога веќе им анеколку генерации кои се воспитувани по моделот на попустливото воспитување, гледаме дека ваквиот модел создава нова патологија. Станува збор за разгалени и презаштитени деца. Првата категорија и покрај интелегенцијата, израснуваат во несоцијализирани личности кои не сакаат да пораснат, кои се себични и нарцисоидни и слабо ги контролираат импулсите, немаат работни навики и заради тоа долго остануваат во симбиотска врска со своите родители. Презаштитените деца се пасивни бидејќи за себе сметаат дека се неспособни, се плашат од светот и го доживуваат како опасно место, заради што се во симбиоза со родителите или партнерите со поцврст карактер.

Попустливото воспитување отиде во спротивност – постојано се покажува љубов, а се избегнува дисциплинирање на детето. Денес знаеме дека од една грешка се отишло во она спротивното – секој обид за дисциплинирање децата го доживуваат како негација на љубовта, како отфрлање и како траума. Попустливите родители се немоќни да постават граница и да го натераат детето да прави потешки, а за него корисни работи, за да не го трауматизираат.

Заради негативните последици  на попустливото воспитување да потсетиме дека задачата на родителите е да го подготват детето за самостоен живот. А патот кон тоа е на децата да им се понуди модел на покажување љубов, но и јасна дисциплина без која нема ни успех ни среќа во животот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Патувањето на детскиот говорен развој
Говорниот развој претставува еден од најважните аспекти на целокупниот развој на детето. Иако читањето и пишувањето форм...
4
Совети кои би ги дала на идните мајки
Велат дека никогаш не си целосно подготвен да станеш родител - само ако судбината ти е таква раѓаш дете и со текот на вр...
4
Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
4
Уртикарија кај децата
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгледа алармантно. Уртикаријата, е честа појава кај де...
3




Анкета

Секс.
пеперутка16

После сексот со сопругот, ти?