Германскиот писател James K. Flanagan пред смртта на своите внуци им напишал емотивно писмо за најголемите вредности во животот. Освен неговите деца и внуци, писмото го воодушеви цел свет. Прочитајте го!
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Фланаган почина лани, брзо по составувањето на писмото, кое во јавноста неодамна го сподели неговата ќерка Рејчел.
Драги Ryan, Conor, Brendon, Charlie и Mary Catherine,
Мојата драга ќерка Rachell бараше од мене да напишам неколку совети за вас, оние кои ги научив во животот:
Го започнувам ова писмо на 8 април, 2012 година, на мојот 72-роденден
- Секој од вас е најубав подарок од Бога на вашето семејство и на целиот свет. Сеќавајте се на тоа секогаш, посебно кога се сомневате во себе и кога сте обесхабрени.
- Не се плашете од никого и ништо и живејте го животот со полни гради. Следете ги своите желби и надежи без разлика на тоа колку се тешки и колку се разликуваат од другите. Луѓето често не го работат она што сакаат, или што би требало, бидејќи постојано размислуваат што ќе мислат или речат другите. И запомнете уште една важна работа – луѓето кои нема да ви донесат супа кога сте болни, или кои не се покрај вас кога сте во неволја, не се битни!
- Сите ние сме сосема обични луѓе. Некои носат прескапа облека или имаат големи титули и моќ и мислат дека се над сите останати, но не е така. Тие имаат исти сомнежи, стравови и надеж, јадат, пијат, спијаат, како и целиот нормален свет.
- Кога ќе пораснете и ќе имате деца секогаш имајте ја на ум старата ирска поговорка: фалете ги децата и тие ќе цветаат.
- Бидете добри и помагајте им на луѓето, посебно на послабите, на оние кои се уплашени и немоќни и на децата. Сите во себе носат некаква тага и потребно им е Вашето сочувство.
- Немојте да се придружувате во војска или во било која друга организација, која ве тера да убивате. Војната е зло! Сите војни се започнати од стари луѓе кои ги наговориле младите луѓе да мразат и да се убиваат меѓусебно. Старците ќе преживеат и ќе ја завршат војната со молив и хартија, исто како што ја започнале.
- Читајте книги колку повеќе можете. Тие се прекрасен извор на уживање, мудрост и инспирација.
- Секогаш бидете искрени.
- Патувајте секогаш кога сте во можност, посебно додека сте млади. Не чекајте да се сложат сите коцки, или да имате доволно пари. Тоа не не случува никогаш.
- Изберете работа или професија која ќе ви се допаѓа. Секако, ќе има и лоши моменти, но работата мора да ви биде уживање.
- Не викајте! Тоа никогаш не успева, а ве повредува и вас и другите. Секогаш кога викав доживував неуспех.
- Секогаш исполнувајте ги ветувањата кои им ги давате на децата. Немојте да велите ќе видиме, ако знаете дека одговорот е не. Децата очекуваат вистина, дајте им ја со љубов и добрина.
- Никогаш не велете некому дека го сакате, ако не е така.
- Живејте во хармонија со природата: излезете надвор, одете во планина, на река, на море. Тоа е многу важно за душата.
- Прегрнете ги луѓето кои ги сакате. Кажете им веднаш колку ви значат, не чекајте да биде предоцна.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Совети за среќен живот
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост...
4
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
4
Вежби за правилен изговор на гласовите
Малите деца понекогаш говорат неразбирливо. Колку и да ни е тоа симпатично, доколку не се надминува, треба да посетиме л...
4
Чудесната приказна на храбрата Надина
Животна приказна на храбрата Надина, која по смртта на сопругот одлучила да роди и добила близнаци...
4