|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Оставете ме да се наспијам како човек!

Редакција Рингераја, 3.1.2016
Мечтаам за тоа конечно некој друг да го прошета кучето и да можам на мир да си го испијам кафето, а за тоа време децата да не ме бараат и да не ми постават ниту едно прашање
Клучни зборови:

image
/11


 

Сите на големо се радуваат на Новогодишните празници, меѓу останатото и заради подароците кои тогаш се добиваат. Иако тогаш главното внимание е насочено на најмалите, една мајка направила список на желби за себе. Била сурово искрена и еве што напишала.

“Веќе неколку седмици децата ме прашуваат што сакам да добијам за Нова Година. Мојот одговор е како и обично – не ми треба ништо, само сакам децата да ми се здрави и среќни.

Меѓутоа, тие во главно се добри и без оглед на тоа колку им велам да се трошат непотребно, тие ќе одделат пари и ќе ми купат некоја ситница, како ноќница или некој кујнски предмет. Ќе бидам многу благодарна, бидејќи знам дека го направиле тоа затоа што ме сакаат.

Но финтата е во тоа што...всушност лажам. Не сакам само децата да бидат среќни и здрави. Секако дека тоа ми е прва желба и најважно нешто на светот, но постојат уште неколку работи за кои буквално сонувам. Заради тоа размислувам оваа година на своето семејство да му доставам список со желби.

-          Сакам да гледам телевиозиска емисија која нема петстотини пати да биде прекинувана од реклами за детергенти, тампони и средства кои ја зголемуваат потенцијата.

-          Сакам сите заедно да ручамње и вечераме за да не морам да ја поставувам и кревам масата петстотини пати.

-          Сакам секој од нив да ја излиже лажицата од еурокрем или џем, пред да ја стави во мијалникот.

-          Не сакам во нашиот дом да се пцуе, да се споменува насилство и да се гледаат реални шоуа.

-          Сакам трпезариска маса без никакви трошки и остатоци од храна.

-          Сакам во автомобилот повеќе да не наоѓам остатоци од помфрит, чипс и смоки.

-          Сакам сите чорапи на овој свет (ако ништо друго, барем во мојата куќа) да ја најдат сами својата сродна душа и својата друга половина.

-          Сакам конечно  да се наспијам како човек.

-          Сакам некој друг да го храни и шета кучето.

-          Сакам со кафето да седнам на компјутер макар пет минути пред некој да викне Мамоооо.

-          Сакам секогаш од прва да ги најдувам ножичките, моливот и селотејпот.

-          Сакам децата и мажот да заборават како се користи далечинскиот управувач.

Јасно ми е дека повеќето од моите желби нема да се исполнат, но на крајот на краиштата, барем знам дека ќе добијам ноќница или некој кујнски апарат. И тоа е сосема во ред, бидејќи знам дека доаѓа со љубов. Ако малку подобро размислам, добро би било да добијам ноќница, бидејќи оваа која ја имам е излитена и стара неколку години!”

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?