vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мајчиното млеко претставува оптимална исхрана за новороденчето, а во подоцнежниот период најдобар избор е храна готвена во домашни услови, која е еколошка и прилагодена кон потребите и возраста на детето
Најдобар начин да се заштити имунитетот кај дечињата е консумирањето органска храна бидејќи децата се посебно чувствителни. Најчувствителни се до крајот на првата година од животот, што се должи на физиолошката незрелост на организмот и брзината на создавањето на клетките т.е. зголемувањето на телесната маса, со тоа телото може да се снабдува само при правилна и квалитетна исхрана. Бубрезите на доенчињата помалку се способни да ги исфрлат штетните материи од организмот, додека црниот дроб не може да ги разгради. До шеста година од животот кај децата телото содржи повеќе вода отколку масти за разлика од возрасен човек. Мастите кои во организмот ги „ловат“ и ги канализираат пестицидите, во детското тело се помалку способни за таа функција , па затоа токсините кружат низ организмот, посебно оние растворливи во вода. Присуството на токсини кај тецата може да доведе до слаб развој на нервниот систем. Затоа треба да се потрудиме децата да јадат и да пијат безбедна храна. Токсините во храната исто така можат да го нарушат и однесувањето на децата. Имено,истражувањата покажуваат дека хемикалиите како натриум моноглутаматот, салицилатите, амините, конзервансите , адитивите, вештачките бои и др. можат да придонесат за лошо однесување или да го нарушат однесувањето на децата. Исто така, може да се јави и хиперактивност како една од последиците при внесување на овие штетни материи. Од особена важност е интолеранцијата на вештачките бои кои се наоѓаат во слатката храна, поради кои децата реагираат хиперактино, што претставува алергиска манифестација. Претераното внесување на слатки исто така придонесува за хиперактивност кај децата.
За да се прекинат овие нарушувања, потребно е да се промени исхраната кај децата и да се исклучат штетните елементи од истата. Може да се почне од најраната возраст кога бебињата почнуваат да внесуваат храна покрај доењето, да им се даваат кашички од органски одгледани овошје и зеленчук, или да се купат готови. Во периодот на доењето посебно важна е исхраната на мајката, која мора да внимава каква храна внесува во однос на потеклото, се разбира и на квалитетот, бидејќи доенчето ја прима истата храна преку мајчиното млеко. Кај децата кои јадат с? внимателно треба да се одредат три главни оброци, со две до три ужинки. Оброците да се состојат од житарки, овошје, зеленчук, посно телешко месо, пилешко месо одгледувано во домашни услови, риба, легуминози.
5
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...
Навики што е добро да ги промените пред бременост
Подготовката за бременост не започнува дури откако ќе се појават двете...
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...
Невидливиот товар на чекањето бременост
За некои парови, желбата за бебе започнува со возбуда, планови и убави...