|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

omorfo89: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 9.5.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/61


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: omorfo89 

Датум на породување:   26.03.2011

Тип на породување: природно

 

 

 

10 август беше денот кога ги видов двете цртички. Маж ми ме убедуваше дека сум трудна и ме убедуваше да направам тест, а јас одрекував иако ми доцнеше циклусот околу 1 месец. И навистина, само што го направив тестот веднаш се појавија двете црти, но јас се уште не можев да поверувам дека сум бремена па решив да направам уште еден тест рано изутрина со првата мокрача, кој исто така излезе позитивен. Премногу се израдувавме со маж ми и кажавме само на нашите родители, криевме од другите се додека не отидов на гинеколог да направам преглед. Кога отидовме на гинеколог, ми потврди дека сум трудна 6 недели. Го видовме срценцето наше кое беше една точкичка и слушнавме срцева акција. Почнав да одам секој месец на гинеколог, да го гледаме бебчето наше како расте иако мојата бременост беше школска - имав мачнини само 2 пати во цела бременост, не се здебелив, ниту имав некои други проблеми. Кога бев 16-та недела ја прашавме докторката за полот , но не можеше да ни каже со сигурност бидејќи беше рано, но таа викаше дека изгледа како за девојче. Ниту на мене, ниту на маж ми не ни беше тоа толку важно, но сакавме да дознаеме за да почнеме да купуваме облека за нашето бебенце. Кога бев 23 недела, бев на 4д и тогаш се виде дека е девојче. Уште од наредниот ден почнав да купувам нешто по нешто за мојата кукла, во розева боја. За името се договоривме со маж ми да се вика Кипарисија, како што се вика и свекрва ми.
Прв пат ја почувствував мојата кукла како мрда во 19-та недела и како растеше се повеќе и повеќе се превртуваше во мојот стомак поготово навечер пред спиење. Терминот за породување ми беше 12 април, а не ни помислував дека може да излезе и порано..
25 март, како и секој петок излеговме со маж ми во кафетерија, а пред тоа бевме да јадеме во една пицерија. Се вративме утрото 3 часот по полноќ на 26 март и ми текна дека мајка ми има роденден, ја отворив својата страница на фејсбук и и' пишав коментар на ѕидот, како да знаев дека ќе немам време подоцна..
4:45 - како нешто да ми 'пукна' во горниот дел на стомакот, станав, отидов во тоалетот и кога видов зелена течност. Се уште не ми беше јасно што е тоа бидејки имав 3 недели до денот за породување, но истовремено ме фати некој страв бидејки во бременоста не ми се случи вакво нешто. Отидов во собата и пак си легнав. Но цело време се превртував и кога погледнав дека пак имам зелена течност го разбудив маж ми и кога станав почна малку по малку плодовата вода да ми истекува по нозете. Целите се испаничивме, му се јавивме на свекор ми и не однесе во болница. Бидејќи беше сабота жив човек немаше во болницата, ни отвори една дежурна сестра, ме однесе во соба ме прегледа и ми кажа дека сум отворена 1 прст и плодовата вода не ми е истечена. Ми стави клизма и кажав дека немам болки и ме испрати да шетам низ ходникот 2 часа. Дојде 8 часот, јас изморена и ненаспана отидов во собата каде што ми правеа ЦТГ и пак ништо, отворена 3 прста и повторно ме испратија на шетање. Почнав да шетам пак и веќе почнаа болките во грбот, стомакот, нозете. Стануваа се почести и почести и се појавуваа се повеќе и повеќе. Во меѓувреме дојде свекрва ми, а јас и се јавив на мајка ми да и честитам роденден и да и кажам дека ќе се породувам. Ми кажа да ги слушам докторите на бокс и дека се ќе помине во најдобар ред. Беше пресреќна дека ке го добие најубавиот подарок за роденден - внука! Дојде 10:40 , а јас се уште на нозе, шетав, но не можев веќе да издржам, ме виде докторот и ми кажа да отидам на бокс. Легнав и почна процесот на породување. Ми објаснија што да правам, како да дишам и во 11 и 10 излезе мојата ќерка, веднаш заплака, ја измија и ми ја дадоа да ја дојам. Породувањето не беше толку болно како што беше шиењето.

Ќерка ми се роди 2600гр и долга 49 цм. Маж ми и свекрва ми биле во ходникот и бидејќи никој не пуштаа внатре тие не знаеле дека јас се породувам. Откако ја надоив, сестрата ја зеде и отиде да им ја покаже на маж ми и свекрва ми, кога маж ми ја видел од среќа ќе се онесвестел.
Кога не однесоа во собата, маж ми се јавил да каже на мајка ми дека има внука, и веќе почнав да добивам честитки од роднините. Сите овие моменти никогаш не се забораваат. Сега ќерка ми е скоро 40 дена и секој поминат ден ми го прави посебен!

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Кипарисија !

 

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Неверојатно доаѓање на свет!
Бранко Пендиќ од Крагуевац по игра на случајноста мораше да ја породи својата сопруга Сузана...Целата приказна во прилог
10
Породување на сред улица во Кина!
Повремено слушаме приказни за породување на необични места. Овој пат една млада трудница од Кина се нашла во многу непри...
4
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3
Како порано се правеле тестовите за бремен...
Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

iminja
acka p

dali vi se dopaga imeto Pavel

da (65%)

ne (35%)


Број на сите гласови: 54

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!