|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Новогодишни кекси (Gingerbread cookies)

Редакција Рингераја, 19.12.2012
Рингераја Ви го открива рецептот за светски познатите Новогодишни кекси Gingerbread cookies

image
/71


 

Овие меки и мирисни кекси се декоративни, но и многу вкусни. Во нивната подготовка и украсување ќе ужива целото семејство.

 

Потребно е (за околу 40 кекси):

1 јајце

750 гр. брашно

230 мл. меласа (може да ставите и мед)

220 гр. жолт шеќер

200 гр. путер

120 мл. вода

1 прашок за пециво

1 лажичка мелен ѓумбир

1/2 лажичка мелен цимет

1/2 лажичка рендано мускатно оревче

1/4 лажичка мелено каранфилче

неколку капки арома од ванила

 

За украсување

 

2 белки

250 гр. шеќер во прав

сок од половина лимон

прехранбена боја


 

Подготовка:

1. Брашното измешајте го добро со прашокот за пециво, ѓумбирот, циметот, оревчето и каранфилчето. Со миксер изматете го путерот, меласата, шеќерот, водата јајцата и неколкуте капки ванила. Полека додајте ја смесата од брашно и замесете тесто.

2. Добиеното тесто поделете го на три дела и секој дел завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер 3 часа (може и подолго).

3. На работната маса ставете повеќе брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Напомена: Со брашно посипете го и тестото, оклагијата и калапите за да не Ви се залепи тестото.

4. Кексите печете ги на температура од 175 степени. Внимавајте да не бидат препечени бидејќи се повкусни кога се меки.

5. Пред украсување треба добро да се изладат.

 

Украсување:

Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додајте ја саканата боја. Ставете ја смесата во кесичка за замрзнување, одсечете мал отвор и украсете ги изладените кекси. За украсување може да користите прехранбени панделки и други украси.

 

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Телото се менува, а кожата треба да добие ...
Слабеењето често се доживува како позитивен процес, посебно кога е мотивирано од здравје и подобра благосостојба.
3
Како до секси очи на кои сите ќе Ви завиду...
Познатиот стручњак за шминкање Andrew Sotomayor дава видео упатство како да имате секси очи
3
Интервју со Дани Димитровска
Младите послободно зборуваат за секс со својот идол, отколку со родителите
3
Причина за смртта на Витни Хјустон
На членовите од семејството им е соопштено: Витни не се удави во кадата, туку почина од што измешала неколку видови на а...
3




Анкета

Имиња за момчиња
petraa

Кое ви се допаѓа вам? Еве ви убави македонски не-помодарски имиња :)

Јане (16%)

Петар (23%)

Стојан (3%)

Димитар (21%)

Коста (4%)

Дамјан (33%)


Број на сите гласови: 111

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!