Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
За децата новогодишната прослава во домот е се, само не и опасна. Затоа се фрлаат со ентузијазам да ја красат елката, да помагаат во кујната и што ли уште не. Значи пред да ја започнете подготовката на домот за Божиќ, погрижете се за безбедноста на децата.
Да почнеме со украсите ... Стаклените играчки за елка се навистина преубави, но се лесно кршливи, што може да се претвори во проблем, ако детето сака да учествува во украсување на елката. Значи подобро изберете пластични, текстилни и други отпорни на кршење и безбедни за децата играчки.
Ако пак сте одлучиле да приредите детска новогодишна работилница и да изработите заедно со детето божиќни украси, размислете со кои активности детето може да се справи и кои би биле опасни за него. Оставете го цртањето и боењето на детето, а сечењето, лепењето и други активности со алатки оставете ги за вас.
Уште еден проблем кој може да се случи за време на украсувањето на домот за Нова Година, е падот од високо. А децата многу сакаат да се искачат највисоко, особено ако за миг ги испуштите од поглед.
Од што да се заштити детето на Нова Година?
И бидејќи Нова Година претпоставува куп играчки за децата, бидете внимателни да не има меѓу нив опасни производи за деца. Некои се премногу бучни, други се направени од несоодветни и отровни материјали трети можат да доведат до респираторни и голем број на други проблеми, ако детето ги голтне без да сака.
И, се разбира, прскалиците, новогодишните светилки, свеќите можат да предизвикаат изгореници при невнимание. А децата обично не внимаваат. Значи, ако имате мало дете дома, или заборавете на светлата и пироефектите за Нова Година, или внимавајте на детето
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Зошто диетите не функционираат долгорочно?
Многу луѓе се обидуваат со различни диети за да изгубат тежина, но гол...
Препорачани вежби во вода за трудници
Вежбањето во вода е одличен избор за време на бременоста. ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?