|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Немирно дете = интелигентно и бистро дете?

Редакција Рингераја, 26.1.2017
Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги гледа цртите на нашето лице, како што подоцна како возрасен човек ќе ги гледа, туку дека гледа нешто што е во нас, зад лицето...

image
/11


 

Познатиот српски лекар, невропсихијатар, психотерапевт и книжевник, како и академик на Српската академија на науките и уметностите, Владета Јеротиќ смета дека децата се мошне комлексни суштства, кои имаат способност подлабоко да ги согледуваат работите од возрасните.

-Верувам дека сосема малото дете гледа нешто повеќе и подалеку од возрасниот човек. Понекогаш изгледа дека тоа не ги гледа цртите на нашето лице, како што подоцна како возрасен човек ќе ги гледа, туку дека гледа нешто што е во нас, зад лицето, смета Јеротиќ.

Тој има критички став кон забраните и смета дека тие имаа спротивен ефект од посакуваниот.

Јеротиќ нагласува дека повеќето деца се темпераментни љубопитни и не можат да седат на едно место и додава дека тоа е знак на интелигенција, а не непослушност.

-Ако детето е немирно, пуштете го, често станува збор за интелигентно и бистро суштество. А родителите во незнаење, за мирното и послушно дете велат „моето добро дете“, а тоа е всушност уплашено, несигурно. Секако се раѓа и по некое „добро дете“, кое е едноставно такво, иако е снаодливо и паметно. Најголема грешка е тоа што немирното дете го тепаат, а тоа е најчесто интелигентно дете. И токму таа интелигенција не му дава да се помири лесно со се што ќе му се каже, смета Јеротиќ.

Тој за себе вели дека бил немирно дете и оти никогаш не би одличен ученик.

-Во средно училиште бев  многу добар, имав петка по веронаука и историја. По математика и физика имав тројка. Еден мој другар, кој сега е познат книжевник и преведувач, во средното училиште пушти гулаб од последната клупа на часот по хигиена. Малку фалеше да биде истеран од училиштето. Доби укор од класниот, укор од директорот и укор од наставничкиот совет. Тоа се мали палавштини, кои често пати ги прават интелигентните деца. Денес за многу поголеми палавштини и сериозни прекршоци, кои немаам врска со интелигенцијата, казните се многу поблаги, нагласува Јеротиќ.

Според него детето е мошне комплексна структура составена од повеќе нивоа.

-Детето се раѓа мошне сложено. Да не ги плашам младите, но фетусот се помни. Мошне е важно мајката да го носи детето радосно. Внимавајте не е исто радносно и весело. Треба да го носи колку што може со радост. Секако и таткото е важен. Треба двајцата подеднакво да го сакаат детето. И не е важно само како мајката се храни во бременоста, мошне е важно и како се чувствува, бидејќи таа чувствата му ги пренесува на фетусот. Знаете како, кога мајката е лута, детето се крие на крајот од постелката, а кога е среќна детето се качува кон срцето. Тоа е снимено од научниците, појаснува српскиот лекар.

Тој потенцира дека првите три години се најважни за детето, бидејќи тогаш се формираат темелите на неговата личност.

-Детето до крајот на третата година е како сунѓер, се впива. Колку само треба мајката и таткото тогаш да се сакаат! И така нека биде пет години, а потоа нека има малку расправии, но првите три до пет години и поради детето и поради себе, детето да види, да ја впие љубовта на таткото и мајката. Ќе остане скрит, па потоа ќе го бара во бракот она што го доживеале во првите три до пет години, и доброто и лошото!, заклучува Јеротиќ.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Смрт на перфекционизмот, слобода за родите...
Завршив со обидите да бидам совршена. Со обидите да бидам најдобра. Со обидите да бидам доволно добра
4
Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Како се создаваат разгалени деца?
Секој родител сака неговото дете да биде среќно, задоволно и безгрижно.
3
Тајните на совладување на техниката на читање
Читањето е една од најважните животни вештини. Со него децата го откриваат светот на знаењето, ја развиваат фантазијата ...
3




Анкета

Бремена
пеперутка16

Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?