Ви претставуваме седум необични начини како да ги спречите другите да го допираат Вашето трудничко стомаче
Доколку не сакате други да Ви го допираат стомакот, реагирајте и не дозволувајте заради тоа да се чувствувате лошо. Вие имате право да се заштитите себеси. Изберете некој од предложените методи, или сите!
- Купете обична бела маичка и на неа отпечатете некоја од паролите: “Не ми го допирај стомакот”, “рацете подалеку од мојот стомак”, “Стоп!”. Сепак, не Ви гарантираме дека натписот ќе има голем ефект, бидејќи неговата суштина некогаш се сфаќа подоцна.
- Кога некој без прашање ќе тргне со раката накај Вас, Вие направете го истото. Личноста рефлексно ќе се заштити со раката, или ќе отстапи. Би требало да ја сфати пораката, во спротивно речете “Чудно е кога некој од добро стоење сака да Ви го пипне стомакот.”
- Секогаш одите на прошетка со придружба. Штом сте во друштво, шансите за допрање на стомакот се намалуваат за 50%, а доколку сте во друштво со сопругот – на 25%!
- Доколку Ви е непријатно грубо да го одбиете оној кој сака да Ви го допре стомакот, можете да кажете: “Жал ми е, бебето само што се смири. Не би сакала да ја вознемирите и повторно да почне да клоца.”
- Реченицата која 100% ќе ги запре и најупорните е : “Лошо ми е, чувствувам дека ќе повратам во секој момент”.
- Применете го принципот “Подобро да се спречи...” Кога со некој ќе започнете за Вашата бременост, кажете му колку сте среќни, но и дека страшно Ве нервира една работа – кога некој сака да го допре Вашиот стомак. Во старт на соговорникот ставете му на знаење што никако не смее да направи.
- Кога луѓето ќе Ви пријдат и ќе прашаат дали смеат да го допрат Вашиот стомак, прашајте ги дали смеете Вие да го допрете нивниот. Тоа би требало да ги спречи во намерата. Предупредување: ако Ви дозволат да ги допрете, тогаш ќе мора и Вие тоа да го дозволите.
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Промени во телото на трудницата
Се прашувате дали сето ова што вам ви се случува е нормално? Еве еден текст како објаснување, што се случува во организм...
186
Мамичке, биди горда што се породи со царск...
Но, што ако не постоеше стигмата кон царскиот рез? Што ќе беше ако не чувствувавме жалење за нечија приказна за раѓање с...
56
Породување: Очекување VS Реалност
Можеби пораснавте слушајќи дека породувањето може да биде лесно како летно ветре или ги видовте оние беспрекорни слики о...
36
Со орален секс против утрински мачнини?!
Иако се чини како тврдење кое го измислиле мажите желни за секс, потврдено е дека оралниот секс ги лечи утринските мачни...
10
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар: