|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Фудбалер или балерина?

Редакција Рингераја, 15.7.2010
Вашата најдобра пријателка, која неодамна се породи, вели дека синот удирал во стомакот како за Светско Првенство! Зошто тогаш вашето бебенце едвај мрда во утробата? Можеби не се развива правилно? Или има друга причина?

image
/11


Многу мајки се загрижени за зачестеноста на движењата на бебето, пред да се роди. Други пак се жалаат на силните клоцања. Сите бебиња се различни, па дури и да имате три деца, ниту едно од нив нема да личи со движењата на претходното.

Леткање на пеперутки

Кога за прв пат ќе почувствува пеперутки во стомакот- се прашува секоја мајка. Откако ги видела двете цртички на тестот за бременост, таа нема трпение нејзиниот стомак да се заобли и да го почувствува мрдањето на бебето. Првиот пат тоа е нежно скокоткање и најчесто е поврзано со зачуденост и изненадување “Моето бебе се движи!” Ова е прв знак дека расте и дека се е во ред. Обично првите движења се чувствуваат околу 20-та  гестациска недела. За секоја мајка ова доживување е незаборавно. По тој ден, таа секојпат со нетрпение го очекува леткањето на пеперутката во стомакот. Факт е дека бебето почнува да се движи уште во 6-та недела, но мајката не го чувствува бидејќи сеуште е многу мало. Во овој период е долго само неколку сантиметри, но тоа не го спречува да се нишка на папочната врвца, да потскокнува и да прави акробации на кои дури и спортистите можат да завидат. Овие движења можат да се набљудуваат со ехо-преглед. Бебенцето не спие цело време. Тоа со нозете се одбива од едниот крај на водениот меур, за да стигне до другиот. За тоа се бара добра кондиција на едвај оформените грб, глава и раменици. Мајките не треба да  се загрижуваат – движењата се целосно безбедни за бебето. Папочната врвца е цврсто поставена и не може да се повреди. Колку повеќе напредува бременоста, толку просторот во матката се намалува. Така бебето веќе не може да мрда активно, но станува се посилно.

Какво е моето бебе?

Многу се разговара за прашањето дали детето го развива карактерот уште во мајчината утроба. Жените со 2-3 деца се свесни дека секое од децата има различен темперамент уште од утробата. Додека интраутериниот развој е подеднаков за сите, сепак тие не се движат на ист начин. Можете ли да процените што е вашето бебе?

Иден фудбалер

Не е јасна причината зошто некои бебиња се хиперактивни уште во мајчиниот стомак. Тие без престан мрдаат и клоцаат толку што нивните удари задаваат вистинска болка. Не мислете дека ако бебето е многу активно во утробата, тоа значи дека ќе остане исто такво и откако ќе се роди. Некои деца се претвораат во вистински ангелчиња иако не ја оставале мајка си мирна ниту една минута. Во повеќето случаи активноста на бебето е резултат на надворешните фактори. Ако сте под стрес, или сте напнати, детето тоа го чувствува и реагира. При зголемено ослободување на хормонот на стресот – адреналин, бебето се движи повеќе. Хормонот ја преминува плацентарната бариера и преку папочната врвца доаѓа до бебето. Некои пикантни јадења исто така можат да предизвикаат незадоволство кај бебето, па да ве остави без сон цела ноќ.

Срамежлива принцеза

Најчесто жените во напредната бременост загрижено бараат одговор од гинекологот зошто бебето не им мрда. Понекогаш тоа се должи на неговиот срамежлив карактер. Загрижено од надворешните фактори, тоа може да се укотви во утробата и да остане заглавено со часови. Студиите покажуваат дека ако слушате тивка класична музика, движењата и срцевата активност на бебето се намалуваат. Тоа добро слуша што се случува надвор. Ако бебето ви е срамежливо, важно е да се потпрете на интуицијата зошто не мрда. Причината може да е неговиот карактер, но и некакви аномалии или проблеми со исхраната. Во такви случаи навреме консултирајте се со вашиот лекар!

Тврдоглаво дете

“Зошто не ме остава да спијам!?!” – Тоа е поплаката на многу идни мајки, чии бебиња имаат многу тврдоглав карактер уште од утробата. Овие бебиња уживаат да клоцаат и да се вртат навечер токму кога нивната мајка легнала да спие. Други пак воопшто не мрдаат кога таа сака да му покаже на идниот татко каков силен удар има неговото момче. Не мислете дека бебето го прави тоа намерно. Факт е дека сите бебиња се будни од 21-00 часот  и тоа објаснува зошто не можете да заспиете додека ви се вртат во утробата. Тоа се должи на хормонот кортизон (оксидехидрокортикостерон, хормон кој го лачи кората на надбубрежната жлезда), а кој го стимулира спиењето на мајката, а го разбудува бебето. Најдобро што можете да направите во овој момент е да се обидете да го смирите бебето. галете го нежно стомакот и игнорирајте ги реакциите на бебето. Тоа само ќе ви покаже што сака да прави. Воспоставувајќи комуникација со него на тој начин, ќе се научите да го играте или успивате и смирувате. Посветете неколку минути во денот на разговор и запознавање со вашето бебе, додека е во вашата утроба.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Cysticare таблети, помош при уринарни инфе...
HealthAid Cysticare таблетите се специјално формулирани со користење на природни и високо квалитетни билни екстракти кои...
4
10 луди работи што се случуваат во вашето ...
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму во вас. Кул (и малку чудно), нели?
4
Вирално видео: Како всушност изгледа пород...
Неверојатен е моментот на создавање на нов живот, а доаѓањето на бебето во свет е уште почудесно
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?