Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Важно е да си дадете малку време за прилагодување. Ќе добиете нова личност во својот живот, нови улоги за Вас и Вашиот партнер, како и промени на Вашето тело на кои треба да се навикнете.
Физички промени
Вагинално излачување
Неколку недели по породувањето ќе имате вагинално излачување, што претставува комбинација од обвивките на материцата со крв и се нарекува “lochia”. Често се случува овие излачувања да прекинуваат и почнуваат наизменично, а во прво време можат да содржат и згрудена крв. Постепено ќе се намалува нивниот интензитет, бојата ќе стане бледо розова и на крај бела. Се препорачува да користите влошки, наместо тампони. Доколку имате јако црвено, обилно крварење, за кое Ви е потребно повеќе од една влошка за час време, или доколку забележите поголеми парчиња згрудена крв, веднаш обратете се кај Вашиот гинеколог.
Доење
Вашите дојки ќе се наполнат со млеко во периодот од 48 – 72 часа по породувањето. Градите можат да Ви станат по цврсти и почувствителни. Подобро е да доите почесто, за да се избегне иритација на градите. Доколку не доите, пожелно е да носите удобен градник и да ставате ладни облоги, за да го намалите отекувањето на градите. Додека се туширате избегнувајте директен млаз на топла вода на градите.
Затвор
Избегнете го затворот така што ќе јадете повеќе овошје, зеленчук и житарици. Внесувајте голема количина течности за да ги избегнете грчевите во стомакот и напнувањето кое би можело на предизвика притисок на шевовите од епизиотомијата.
Хемороиди
Многу жени добиваат хемороиди во текот на бременоста. Со правилна исхрана избегнете затвор, а на хемороидите ставајте ладни облоги со раствор од хамамелис.
Пост породилни болки
Кога материцата ќе се врати во претходната големина, ќе забележите грчеви кои се нарекуваат “пост породилни болки”. Веднаш по породувањето во болницата акушерките применуваат темелна масажа на материцата за да се потпомогне нејзината контракција. Ваквото одржувањето на материцата исто така го намалува крварењето. Грчевите се по болни кај жените кои родиле по втор или трет пат бидејќи материцата по втор или трет пат се враќа во природна големина.
Недостаток на енергија
Сите мајки чувствуваат истоштеност во првите денови по породувањето. Ова чувство на замор може да трае со недели, па дури и со месеци. На Вашето тело му треба време да се навикне на родителството. Намалете ги своите обврски и куќните работи на минимум. Размислете кој може да Ви помогне дома. Понекогаш се потребни месеци за опоравување од бременоста и породувањето. Во меѓувреме посветете им се на потребите на бебето. Избегнувајте диети додека доите.
Секс
Можете да продолжите со сексуални односи кога ќе бидете сигурни дека раната зараснала и престанале вагиналните излачувања, што се случува обично околу 3-4 недела. Немојте да се изненадите ако сексот Ви е непријатен првите неколку пати. Вагината може да Ви биде сува и чувствителна. Ќе бидете преморени и фокусирани на бебето. Одморот ќе ги врати сексуалните желби и односи во нормала.
Доилките може да користат лубриканти. Во тек на доењето нивото на естроген е значително ниско, што предизвикува сувост на вагината.
Емотивни промени
Многу мајки чувствуваат постпородилна меланхолија. Може да Ви се чини дека сте преплавени со грижата за новороденчето и промени во врската со Вашиот партнер. Нормално е да поминувате низ несоница, плачливост, блага вознемиреност, меланхолија и раздразливост. Овие чувства се нормални и обично спласнуваат откако ќе се прилагодите на ситуацијата.
забава Бремените
Автор: bobik
Недостиг на железо: Тивок проблем со големо влијание
Недостигот на железо е една од најчестите нутритивни дефицити во свето...
Децата паѓаат. Тоа е дел од нивниот раст, игра и учење. Од првите обид...
10 совети како да сопреме икање
Икањето е ненадејна и неконтролирана реакција на дијафрагмата која мож...
Храната како дел од културен идентитет
Храната е повеќе од гориво за телото. Таа е јазик на културата, традиц...
Икањето почнува ненадејно, трае неочекувано, а понекогаш се чини дека ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: