Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Здраво, јас сум Анета мајка на две прекрасни дечиња. Би сакала со вас да ја споделам мојата породилна приказна. Кога за прв пат дознав дека сум бремена односно со моето синче Матео имав само 17 години. Целата моја бременост помина одлично без никакви компликации, секако и јас се чувствував добро. Како се ближеше терминот за породување бев се по возбудена за таа наша прва средба. Дојде денот на терминот отидов на лекар и ми кажаа дека од денес ќе морам на секои два дена да одам на цтг . На 8-от ден после терминот ме примија во болница и секако веќе ме фати паника. Затоа што беше викенд немаше доктор кој ќе ме води па морав да чекам до понеделникот. Понеделникот веќе кога дојде доктор кажа дека има потреба од индуцирано породување. Така и се случи истиот ден ми дадоа индукација но за жал немаше никаква реакција после веќе поминати 4 часа. Докторот ми кажа дека мора да се направи пауза од еден ден. Па затоа другиот ден кога требаше уште една доза од индукацијата дојде и ми кажа дека ќе мора да се породам со царски рез. Другиот ден 7-ми септември ме повикаа сабајлето во 7 часот за да ме подготват за операцијата, сето тоа траеше околу половина час. Кога веќе бев подготвена ме однесоа во сала и ми кажаа дека операцијата ќе биде со спинална анастезија за да можам да си го видам бебето. Докторот веќе започна со операцијата и сестрата која стоеше до мене ми кажа сега ќе спиеш односно ме успаа со целосна анастезија. Кога се разбудив веќе операцијата беше завршена па ме однесоа во шок соба каде што дојде педијатар и ми кажа дека имам живо и здраво машко бебе. Меѓутоа било заплеткано со папочната врвца два пати околу вратот. Сега веќе синчето има 3 години и се е во ред. Со втората бременост со мојата ќерка Миа исто се породив со царски рез. Една недела пред терминот отидов во болница на контрола. Докторот ме прегледа и заклучи дека бебето е спремно за раѓање. Веќе беа поминати 3 години од првиот царски, па затоа можеше и природно породување со тоа што ќе мораше на ист начин како со првата бременост да се чекаат контракции и после терминот. Меѓутоа мојата одлука беше повторно да биде царски рез. Ме примија во болница, секако бев во паника поради тоа што веќе знаев што ќе биде. Најголемиот страв ми беше да не има проблем исто како со првата бременост. Сабајлето на 10ти Септември ме повикаа во 7 часот исто ме подготвија за операцијата и ме однесоа во сала. Повторно ми дадоа спинална анастезија и операцијата започна. За по 10минути веќе да си ја видам мојата ќерка жива и здрава. Останав будна до крајот на операцијата, за среќа немаше никаков проблем. Среќна сум и горда на своите два реза, затоа што благодарение на нив ги имам моите две прекрасни ангелчиња.
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли да се користи повторно тест за бременост?
Тестовите за бременост се едни од најчесто користените домашни медицин...
Грчеви и мигрена во бременост: како да ги спречите?
Бременоста носи многу промени во телото на жената. Покрај радоста и ис...
Приватна градинка, што треба да знаете?
За многу родители уписот на детето во приватна градинка е важна одлука...
Како да преживеете во минијатурен стан?
Животот во мал стан може да биде предизвик, особено ако просторот треб...
Зошто децата се најнемирни токму покрај мајката?
Многу мајки се соочуваат со истиот проблем детето е мирно во градинка,...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?