|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не гледајте ме како да сум грозна мајка!

Редакција Рингераја, 25.2.2016
Следниот пат кога ќе видите дека некој родител се однесува како будала кон своето дете, ве молам имајте на ум дека не знаете со што се бори во тој момент
Клучни зборови:

image
/11


 

Да, звучеше грозно кога му викав на синот. Јас да слушнев друга мајка така да му вика на своето дете, веројатно би ја погледнала напреку, или барем би мислела лошо за неа. Но не знаете низ што всушност поминав!

Хенри! Ако слушнам само уште еден збор од тебе...Само влези во автомобилот и замолчи! Денес претера. Доста ми е!, викаше на својот расплакан 4-годишен син мајката Моника Бјеланко, ставајќи ги кесите со продукти во автомобилот. Тогаш забележа дека други две жени на паркингот пред маркетот ја гледаат настрана и нешто шепотат. Беше сигурна дека коментираат колку е грозна мајка. Влезе во автомобилот и пушти гласна музика, за децата да не ја слушнат дека плаче.

Во својата колумна оваа мајка опишува што и се случило претходно.

Да, звучеше грозно кога му викав на синот. Јас да слушнев друга мајка така да вика на своето дете, веројатно само неубаво би ја погледнала и не би мислела убаво за неа. Но жените кои ме гледаа мене не знаеја дека поминав два часа во маркетот со три деца )што само по себе е доволна причина за викање и плачење) за на крајот на каса да ми ја одбијат картичката пред цел ред нестрпливи луѓе кои беа сведоци на сите нијанси на мојот срам.

Ако никогаш не ви се слушило тоа, не можете да ја замислите длабочината на срамот кој го почувствував. Ако не сте пораснати со бонови и акции, болно свесни за својата екстремна сиромаштија, не можете да знаете колку е трауматично кога не можете да си ги дозволите основните продукти. На некого тоа би му била само блесава забуна со сметката, а мене ми беше уште една потврда дека секогаш ќе бидам сиромашно дете.

Ако доаѓате од сиромаштијата, ако фактот дека сте сиромашни е дел од вас и веќе тече низ вашите ведни, ако сте доживеале мајка ви да плаче бидејќи не може да купи храна, никогап нема немарно да ги пеглате картичките. Дури и ако сте сигурни дека имате пари на сметката, секогаш ќе постои страв дека картичката ќе ви биде одбиена.

Тој ден се случи најлошото. Со количка полна продукти, со гладни деца кои веќе се на работ и пар кој чека нервозно зад нас, мојата картичка беше одбиена. Во главата почна да ми зуи, во грлото ми се создаде кнедла, а потта почна да ми тече по грбот.

Те молам Боже. Не. Мојата најголема ноќна мора се остварува.

Моника понатаму пишува дека касиерката и дала уште еднаш да откуца, но картичката повторно њ одбиена. На раб на нервен слом и видливо чувство на паника бидејќи децата станале  уште понемирни, рекла дека ќе излезе од редот за да ја провери состојбата преку интернет. Видела дека има само 59 долари, а мислела дека има 500.

Во ситуација во која би оставила се, би ги грабнала децата и би побегнала, на Моника многу и значела помошта на другата касиерка која и помогнала да избере што да купи, а што да врати. Задржа само леб, млеко, пелени, снегулки, тоалетна хартија.

Кога Хенри виде дека ја враќам торбата со сунќерот Боб која ја биравме 10 минути, почна да плаче. Како да му се објасни на детето оваа ситуација? Се обидов. Нековиот трет напад на бес се подготвуваше. Му реков да си одбедре чоколадо, но се сакаше.

Хенри плачеше се погласно и повторно сите не гледаа. Чувствував како во утробата да имам изладници змии кои се бањаат во врелата течност и само сакав да заминам оттука.

Додека налутено ги ставав торбите во автомобилот, мојата фасада пшочна да се руши. Бев испотена, задишана и избезумена. Задржувајќи ги солзите, викав по синот кој плачеше.

Плачев цел пат кон дома, направив вечера и се избањав. Хенри ја заборави торбата. Но јас не. И сигурно уште долго нема да ја заборавам.

Затоа, следниот пат кога ќе видите дека некој родител се однесува како будала кон своето дете, ве молам имајте на ум дека не знаете со што се бори во тој момент. Немојте веднаш да ги отпишувате. Бидејќи едноставно не знаете ништо.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Леле, ми се скрши срцето! - упатство за де...
Зошто „Леле, ми се скрши срцето!“ е најдоброто упатство за учење на детската емпатија? Каква е пораката што Мила се обид...
5
Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
4
Великодушност
Великодушните луѓе ќе ја запомнат добрината која сте ја направиле за нив, а ќе ја заборават онаа која тие ја направиле з...
3
(Не)правилен изговор на гласовите
Една од најчестите причини заради која родителите бараат помош и совет од логопед, е неправилниот изговор на гласовите и...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?