|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Natuska85 RR: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 15.8.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/81


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Ник: Natuska85 RR

Датум на породување: 23.04.2011 година

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

На точно една недела по свадбата ги видов моите две црти.Тоа беше радост која не може да се опише со зборови. Цела бременост со маж ми бевме редовни на контролите, дури и повеќе од редовни дотолку повеќе што имав  висок притисок цела бременост, кој за чудо не пречеше во развојот на бебето воопшто.

Беше 23.04.2011 година, ден пред Велигден. Со маж ми се разбудивме околу 9 часот и лежејќи така му раскажав дека сум сонувала како сме си го донеле бебето дома и сме си го ставиле да си спие во креветчето негово. Така зборувајќи како да ми потече нешто. Се стрчав во тоалетот, малку беше, не ми се веруваше да е водењакот бидејќи знаев дека како чешма треба да тече. По некое време пак истото. И знаев дека е тоа тоа. Се истуширав, ранчето веќе беше спремно и тргнавме со мм. А немавме ни договорено со докторот кој сакавме да ме породува. Рано беше, терминот ми беше 23.05, уште цел еден месец...

Ме прегледаа и ни кажаа дека сум 2 прста отворена. Во ист момент помешани чуства, огромна радост дека ќе се запознаам конечно со нашиот “буби” и страв од пораѓањето...Отварањето траеше цел божји ден. Болки неиздржливи, епидурална побарав на неколку пати, и сите како глуви да беа кога ќе спомнев епидурална. Една од сестрите ме праша дали јас сум пријателката на др.Тој и тој и поради тоа што не бев јас таа пријателка и таа стана глува.  На бокс ме ставија околу 22.00 часот, а таму болките веќе неиздржливи, викам, пискам никој не те слуша, вечер пред Велигден сите си ги спремаат јајцата. И еве ги се насобраа за две минути околу мене, два напона, правилно дишење како што не учеа на вежбите во ГАК и сонцето мое излезе. Заплака тивко, дури не ни го слушнав.Цело време додека ја сечеа папочната врвца  прашував дали е се во ред и добив неколку одговори ..”Во ред е, во ред е”. 3420 гр се роди со 51 см должина. Го ставија на мене некое време да се гушнеме и го однесоа да го средат. Тие два саати додека лежев да боксот како да бев во облаци. Ми доаѓаше да вртам на сите по ред од именикот во мобилниот, да се фалам дека станав најсреќната мајка на овој свет. И пишав порака и на Виктори РР да ги извести сите рингерајќи дека се породи нивната Натушка,  бидејќи цела бременост ја поминав  на РИНГЕРАЈА. Дури и епизиотомијата воопшто не ја почувствував, со докторот кој ме шиеше цело време се зафркававме, а тој шие, шие, нема крај. Јас толку не чувствував болка што го зафркавав да чува конец и за другите пациентки, да не го потроши цел на мене. Но не бев свесна дека на мојата среќа и се гледа крајот. Му се јавувам на маж ми да го прашам дали го видел нашето сонценце и од другата страна само слушам ладен глас и зборовите “Ќе дојдеме сега со докторката да ти кажеме нешто”....... И веднаш на најлошото помислив....Почнав да викам по сестрите.......Никој ништо не кажува, сите ја чекаат докторката....По некое време дојде докторката и ми кажа дека бебето кризирало и морало да се смести во инкубатор. Влажни му биле белите дробови, сеуште. Мислев дека ме лаже, дека нешто полошо е.....Едвај дочекав горе да ме качат во апартманот да го видам маж ми. Не можев да се смирам, плачев, плачев.......... Сакав да станам, да одам да си го видам сонцето мое, не ми дозволија требало барем 3-4 саати да лежам......Маж ми остана со мене до кај 3.30 и после сум заспала, за да се разбудам во 4, ама пак не ми дадоа да станам. Во меѓувреме дојде доктор педијатар Т.С. (на која ќе и бидам благодарна до крајот на мојот живот) и ми кажа дека бебето е добро, ја прифатило терапијата и се ќе биде во ред. За мене во тој момент тоа беа најубавите вести што можев да ги слушнам. По некое време станав и воопшто не ми беше проблем да се довлечкам до интензивна нега.  А моето сонценце  избоцкано цело,  срцето ме здоболе уште посилно кога го видов. Една недела лежеше во инкубатор, посета имавме дозволено од 14-15 часот, а тој еден саат ми беше најубавиот во денот и едвај го чекав да дојде. Му пеев песнички, му тропав по стакленцето, му раскажував како сите го чекаме да излезе од таму здраво, живо. Боли,боли.

Радоста беше безмерна кога ми дозволија да го допрам, а тоа кога ми го стисна прстето...

Цела таа недела мама Натушка рачно се измолзуваше, за да има млекце за бебулето наше кога ќе излезе од инкубатор, бидејќи тоа и му беше најпотребно за намалениот имунитет. Понеделник 02 мај околу 10 часот одам да го ѕирнам како е моето сонценце (на кратко, се прикрадував неколку пати на ден), кога гледам во инкубаторот бр.30 друго бебе. Топла пот ме облеа ама знаев дека е се во ред и дека моето бебе е однесено во боксот (просторијата каде се носат бебињата кои лежеле во инкубатор, за адаптација). Незнам и јас како ја најдов, како избезумена бев, не ни ја слушав сестрата кога ми објаснуваше кај се наоѓа боксот.  И штом влегов ме огреа моето сонценце. Убаво, најубавооо на цел свет. Не знаев што попрво да направам. Не смеев да го гушкам, бидејќи уште примаше инфузија. Трчав до собата да го земам телефонот да му се јавам на татичко наш. Среќата неизмерна.....

Го сликав еднаш, па ја пратив сликичката да ја видат бабата, дедовците, вујче, чичо.....Сите едвај го чекаа. Таму лежеше уште цели 11 дена, за кое време и јас лежев со него во болница и на секои 3 часа одев да го дојам. Тој пола саат додека бев со него ми поминуваше како минута. Си цицаше, се галевме, се гушкавме и едвај го чекав денот кога ќе си одиме дома и ќе си се гушкаме и со нашиот татичко, чија подршка ако ја немав во тие 19 дена мислам дека немаше да издржам. Дојде и тој ден после цели 19 дена прележани во болница. Не постоеше мерка за среќата наша...

Сега Кристијан има три и пол месеци и е здраво, живо, среќно  бебенце, кое е на интензивно доење и супер си напредува. Болката уште не е помината и после 3.5 месеци  едвај собрав храброст да ја напишам мојата породилна приказна, но им го должам тоа на  моите другарки рингерајќи кои цела бременост беа со мене, а и сега кога најмногу ми требаат совети за сите толку нови работи во врска со правилен развој на нашето сонценце.

И во последно време често плачам , “Плачам, не затоа што сум слаба, туку затоа што бев јака предолго време”.

 

Ваша Натушка,

 

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Кристијан !

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Последен месец од бременоста: Позиции на б...
Движењата на бебето ќе ги чувствувате до последниот месец од бременоста, но факт е дека вашето бебе е поголемо и нема мн...
307
Што се случува со бебето 24 часа пред раѓа...
Мама чувствува контракции, а како бебето се подготвува за раѓање во последните часови во матката?
146
Знаци дека сте бремена со момче: дали се в...
Кога сте бремени, вие и вашето семејство сте љубопитни да го знаете полот на бебето. Оваа љубопитност, со текот на генер...
40
Што треба да подготвите за бебето пред пор...
Сите родители со посебно возбудување се подготвуваат за доаѓањето на бебето на овој свет, а со желбата на своето малечко...
32


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

хулахопки или ѕиври
mami

што почесто му облекувате на вашето момче?

хулахопки (79%)

ѕиври (21%)


Број на сите гласови: 99

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!