namesp во 10:11
5 корисни совети за трудници во лето
Редакција Рингераја, 24.8.2017
1. Облека: Широка удобна облека од природни материјали (памук, лен, свила) во светли бои кои ги одбиваат светлосните зраци. Шапки со широк раб и очила за сонце се добра заштита од УВ зрачење.
Обувките треба да бидат комотни, поголеми за половина број, со максимална висина од 3 до 4 см бидејќи е најфизиолошка за ‘рбетот, а при тоа отоците на нозете се најмали. Најудобни се оние обувки од типот на Боросани. Се препорачуваат и спортски, како и анатомски обувки. Балетанки и апостолки не се препорачуваат.
2. Исхрана: Во бременоста дневниот внес на калории треба да е само 300 калории повеќе дневно. Во лето храната треба да биде богата со свеж зеленчук, овошје, протеини, интегрални житарици и внес на многу вода. Премногу солена храна треба да се ограничи, но тоа не значи дека солта треба комплетно да се исклучи. Храна која посебно треба да се избегнува во лето, заради почестите труења е: непастеризирано млеко, сирови или недоволно варени јајца, сладолед и кремови од свежи јајца, недоволно термички обработено месо, како и риба од типот на ајкула, сабјарка и туна поради поголемо присуство на жива. Треба да се избегнуваат и меките сирења од непастеризирано млеко, како и преголем внес на кофеин и јаки чаеви.
3. Патување: Пред секое патување и одење на летен одмор јавете се на преглед кај вашиот гинеколог. Тој ќе направи проценка на вашата состојба и состојбата на плодот и ќе ви даде дозвола за патување. Повеќето авиокомпании даваат дозвола за летање до 28. гестациска седмица. Може да се лета и до 34. гестациска седмица, но со посебна препорака и дозвола од лекар. Ако сте во можност барајте место на предните седишта во авионот бидејќи се поудобни и турбуленциите во текот на летот помалку се чувствуваат. При патување со автомобил бидете секогаш врзани со безбедносниот појас. По патување од час и пол направете пауза од десеттина минути заради раздвижување. Трудниците кои се во вториот и третиот триместер на бременост НЕ СМЕАТ да управуваат со автомобил поради поголема опасност од повреди со воланот дури и при полесни „сообраќајки”. Во бременост најнеудобно патување е со автобус.
4. Сончање: Во текот на бременоста хормоните создаваат поголема количина на меланин, па опасноста од изложеноста на сонце и создавање дамки по кожата е многу поголема. Пред секое излегување на сонце најмалку пола час заштитете ја вашата кожа со крема за сончање со висок заштитен фактор - најмалку 30. Избегнувајте изложеност на сонце меѓу 11 и 17 часот. Не употребувајте креми за самопотемнување и солариум.
5. Пливањето е една од идеалните активности за трудниците во лето. Се советува постепено влегување во вода со обувки за пливање поради избегнување повреди. Во вториот и третиот триместер од бременоста пливањето на грб не се препорачува, поточно се препорачува градно пливање. Скокање, скијање на вода, како и возење со скутери е многу опасно и не е дозволено. Капењето во базени заради голема можност од инфекции исто така не се препорачува.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
За време на бременоста, бебето во текот на својот развој се движи во неколку различни позиции. Како што се приближува да...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
