Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
1. Пијте многу вода. Добрата хидратација е исклучително важна за секоја бремена жена, особено кога температурите и потењето се зголемуваат. Пијте рамномерно во текот на целиот ден, за да не чувствувате жед. Ова ќе ви помогне да го намалите ризикот од уринарни инфекции, кои се чести кај бремените жени. За да избегнете дехидратација добро е да јадете овошје и зеленчук богати со вода. Избегнувајте газирани пијалоци и сокови во тетра пакување.
2. Шетајте наутро и навечер, така ќе ги избегнете силните сончеви зраци. Кога сте надвор бидете повеќе во сенка. Прегревањето може да му наштети на бебето. Користете крем 20 минути пред изложување на сонце, затоа што кожата на бремените жени е почувствителна.
3. Пливањето е одличен начин да се релаксирате, но препорачливо е претходно да се консултирате со специјалист.
4. Носете памучна и ленена облека.
5. Носете со себе спреј со вода за разладување. Исто така, можете да поставите мокри крпи на челото или едноставно да си истуширате.
8. Јадете полесна храна.
9. Спијте повеќе и одморајте се, бидејќи кога ќе се роди бебето нема да ја имате таа можност.
10. Ако добиете вртоглавица или ако почувствувате силна жед, веднаш застанете во сенка. Напијте се ладна вода и легнете. Ако наскоро не се чувствувате подобро, контактирајте со вашиот лекар.
11. Кога седите, нека нозете ви бидат благо подигнати на перница, за да избегнете поголем оток од жештината. Избегнувајте долго одење за да ја намалите можноста од појава на силни отоци. Не претерувајте со солта.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...
Колку често треба да се бања бебето?
Бањањето е важен дел од негата на бебето, но не мора да биде секојднев...
Разговорот за проширување на семејството е еден од најважните чекори в...