Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Но тие денови одамна ги нема...
Сега, со 100% сигурност можам да тврдам кој е на плажа со деца, а кој без. Децата дури не треба да бидат во близина на родителите за да откриете.
Луѓето кои се на плажа со деца имаат еден тон глупости околу нив. Не, навистина. Тие имаат тестенини, грицки, кофичиња и лопатчиња, гребла, пластични садови во облик на ѕвезди и желки, ладилници, столчиња, маси, крпи, 8 видови на кремови за сончање – за бебе, за лице, со заштитен фактор од 25-80, спреј за сончање, крем за после сончање, вода, чадори и големо ќебе.
Луѓето без деца имаат крпа, стол, ладилник и книга.
Луѓето со деца на плажа имаат ладилник исполнет со сокови, сендвичи переци, лубеница, грозје, житарици, вода, колачи, чипс, крекери, сирење, јогурт, јагоди и шунка. Ништо не им остана во фрижидерот дома. Се' собра во проклетиот пикник ладилник.
Луѓето без деца имаат пиво, вода, а ако се паметни и сендвич.
Луѓето со деца изгледаат исцрпени уште пред да појдат на плажа. А кога ќе појдат изгледаат како да не спиеле 5 денови и како да им е потребна итна хоспитализација.
Луѓето без деца изгледаат добро одморени.
Луѓето со деца имаат поставена лежалка, но никогаш не седат на неа. Тие или градат замок, или им даваат ужинка на децата, го смируваат детето кое плаче, го спречуваат детето да оди во вода, го спречуваат детето да стои на сонце, или се задоволни ако сите се среќни и задоволни барем 2 минути. Тие апсолутно никогаш не лежат на лежалка и не ги затвораат очите. No man! Тие се како затворски редари, секогаш во контрола.
Луѓето без деца си кулираат во своите столици, разговараат, пијат нескафе или пиво, или едноставно гледаат во брановите.
Луѓето со деца обично си одат од плажа кога децата плачат, се тепаат, кога немаат повеќе чисти пелени, или немаат грицки кои прават децата да молчат. Потребни им се околу 45 минути и 12 секунди за да ги спакуваат сите глупости кои ги носат. Откако ќе успеат да соберат се' можеби им ТРЕБА и болничко сместување!
Тие одат до комбето и ги ставаат сите работи внатре. Потоа ги ставаат децата внатре, влегуваат во колата и одат дома да се одморат. Хахахахаха...тоа не е точно. Дома треба да ги бањаат децата, да ги нахранат (и да се прашуваат зар е можно мали деца толку да јадат?) и да се надеваат дека ќе заспијат пред полноќ за да ја изедат порцијата ладни шпагети.
Луѓето без деца ги собираат своите столици и одат во барот на кафе. Потоа одат дома, спокојно се тушираат и одмораат 14 часа.
Преземено: ScaryMommy
6
4
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Цел ден за себе, одмор за умот и телото
Цел ден само за себе е ретка можност да се поврземе со нашите мисли, ж...
10 совети за нега по појава на првото запче кај бебето
Појавата на првото запче е важен момент во развојот на бебето. Иако е ...
Женското здравје претставува комплексен и важен дел од целокупното здр...
Како хормоните го контролираат процесот на зачнување?
Хормоните го регулираат менструалниот циклус, овулацијата и создаваат ...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?