|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај нутриционистот Маја Велковска

Марина Кљајиќ Петковски, 13.12.2022
Со големо задоволство ви го пренесуваме разговорот со Маја Велковска, дипломиран нутриционист. Маја е креатока на блогот The healthier you каде нејзината практика ја споделува со своите следбеници низ бројни корисни и информативни постови

image
/11


 

Притоа, како што и самата вели, ни помага да станеме подобра верзија од самите нас. 

Во нејзината понуда има персонализирани планови за исхрана за сите возрасти, вклучително и мали деца, како и трудници/ доилки. 

"За многумина нутриционизмот е асоцијација за рецепти, за готвење и за храна, но за мене тоа е наука, постојано истражување за тоа како храната и исхраната влијаат на сите процеси кои што се случуваат во нашето тело. Најмногу ме интересира која е врската помеѓу храната/исхраната и здравјето и храната/исхраната и болестите.

Моето стручно образование го завршив во 2017- тата година на Технолошко–технички факултет – Велес, насока – нутриционизам, како студент на генерацијата, со завршени студии со просек 10.00.

Уште пред завршувањето на студиите, започнав да работам со клиенти (т.е. познаници), со цел да стекнам искуство кое ќе ми помогне во понатамошната работа, така што сега веќе имам 6+ годишно искуство во работата со вас, и многу успешни заеднички приказни зад нас.

Мојата мисија е да ви помогнам да станете поздравата верзија од самите вас и да живеете поквалитетен и поисполнет живот." - вели Маја.

Рингераја: Дебелината се смета за најчестата болест на денешнината, а возрасната граница на гојазни луѓе е се помала. Како да се покрене свеста за оваа опасна појава?

Маја: Моето мислење е дека свеста за гојазноста (дебелината) може да се покрене само ако на неа се гледа како на фактор кој што придонесува за настанување на голем број на болести. Мора да ни стане јасно дека гојазноста (дебелината) не е естетски проблем, туку веќе навлегува во полето на здравствени проблеми. Секако кога зборуваме за поврзаноста на дебелината со некои здравствени состојби, зборуваме за случаи кои што имаат висок BMI по кој се класифицираат во некоја од категориите на дебелина (дебелина, тешка дебелина и морбидна дебелина). Колку повисок BMI имате, толку повеќе се зголемува и ризикот од појава на некои здравствени проблеми поврзани со дебелината.

Рингераја: На што се должи се поголемиот број на луѓе, а најчесто деца од најрана возраст,кои страдаат бројни болести како алергии, дијабет, притисок и слично?

Маја: Верувам дека постојат многу фактори кои што влијаат на тоа, а еден од нив е и исхраната, секако. Но, тука спаѓаат и намаленото ниво на физичка активност, загадување, несоодветна употреба на лекови и суплементи, брзиот начин на живот и стресот кој што го носи истиот итн. Кога зборуваме за исхрана, сите ќе се согласиме дека најголемата штета доаѓа од преработените производи кои што се богати со транс масти, шеќери, а сиромашни со нутриенти.

Рингераја: Еден од најчесто пребаруваните изрази на интернет е диета, но и информирањето од нерелевантни извори може да биде многу погрешно дури иштетно. Има ли некој универзален начин на исхрана кој треба да се применува кај здравите луѓе?

Маја: Да, секако. Сите здрави луѓе, најдобро би функционирале доколку нивната исхрана е претежно растителна, а животинските производи да се користат во ограничени количини. Исто така, важно е намирниците што ги консумираме да доаѓаат во што поприродна форма, и да се избегнуваат преработени производи. Овошјето и зеленчукот треба да бидат задолжителен дел од нашата исхрана, како и интегралните житарки, мешунките, јатките и семките. Од животинските производи подобри избори се рибата, живинското месо и јајцата.

Рингераја: Што е потребно за ефикасно намалување на килограмите и одржување на идеална тежина? Дали е доволна само правилна исхрана или неопходна е и физичка активност?

Маја: За мене, намалувањето на килограмите оди заедно со подобро здравје, а подобро здравје не може да се постигне без соодветна физичка активност. Мислам дека едното без другото не можат, т.е. за најдобри резултати и во поглед на слабеењето и во поглед на здравјето, треба да се комбинираат и физичката активност и здравиот начин на исхрана, кој подразбира и внес на соодветни количини на храна.За да постигнете и одржете нормална телесна маса, ви треба содветен внес на калории, а најважното е да се постигне внес на сите потребни микро и макронутриетни, преку тој калориски внес кој што ви е потребен на дневно ниво.

Рингераја: Посебно во тековниот период кога е сезона на настинки и вируси се поттикнува зголемен внес на витамини. Која е вашата препорака во однос на видот и начинот на дозирање?

Маја: Сите сме сведоци за тоа дека во текот на корона пандемијата се претера со употреба на секакви суплементи, но според мене нема потреба со продолжување на истата пракса и понатаму. Сите здрави лица кои што немаат особен проблем со настинки и други вирусни/бактериски инфекции, немаат потреба од редовна суплементација на различни витамини и минерали во текот на зимата, освен од суплементација на витамин Д, кој што во текот на зимата, ни недостасува скоро на сите нас. Доколку некое лице се соочува со чести и повторувачки инфекции, од разни типови, треба да се советува со стручно лице за препораки во однос на суплементирање на разни витамини, минерали и имуномодулатори.

Рингераја: Во последно време многу се зборува за глутенот. Кој треба да внимава со него? Кои се симптоми на нетолеранција на истиот?

Маја: Глутенот е доста актуелна тема денес, но најчесто најпопуларни се некои заблуди и митови поврзани со него. Постојат лица кои што имаат одредени здравствени состојби, при кои што не треба да внесуваат глутен, или пак не се во можност да го дигестираат и апсорбираат глутенот (целијакија, нетолеранција на глутен итн), но факт е дека многу лица го исклучуваат глутенот од својата исхрана, на своја рака и без некоја особена потреба. Симптомите на интолеранција на глутен се многубројни и различни за секого, и може да се движат од подуеност и дигестивни проблеми, па до осип, отоци по телото итн.

Рингераја: Се поактуелно е и вегетаријанството, кое се применува и кај децата од најмала возраст. На што треба да се обрне внимание доколку се почне со ваков тип на исхрана?

Маја: Вегетаријанството, за разлика од веганството, воопшто не е рестриктивен начин на исхрана, и во него, од исхраната се исклучени само месните производи. Кога зборуваме за месо, најчесто зборуваме за витамин Б12 и за протеини. Белката од јајцето е најискористливиот целосен протеин во исхраната на човекот, а жолчките од јајцата се исто така добар извор на витамин Б12. Доколку редовно се внесуваат протеини од растително потекло и од животинските производи кои што се дозволени во вегетаријанскиот начин на исхрана, ако се внимава на внесот на витамин Б12, и доколку менито на детето е добро креирано и избалансирано, генерално не постои опасност од малнутриции кај децата, при нивен вегетаријански начин на исхрана. Сакам само да нагласам дека вегетаријанскиот начин на исхрана, т.е. исклучување на месото од исхраната не е и здрав начин на исхрана сам по себе. За вегетаријанската исхрана да биде здрав начин на исхрана, таа треба да биде заснована на растителни производи кои што доаѓаат во непреработена или минимално преработена форма, а животинските производи кои што се користат исто така треба да бидат што поквалитетни и минимално преработени (без додатоци на шеќери, и останати адитиви). Рингераја: Една од често дискутираните теми е употребата на кравјо млеко во исхраната на луѓето и с? повеќе се нагласува корисноста на употребата на алтернатива односно растително млеко.

Твоето професионално мислење на оваа тема?

Маја: Факт е дека млекото е неопходна храна за секое доенче, но не и за возрасна личност која што може да консумира друг вид на храна. Според мене растителното млеко дефинитивно не е замена за животинското млеко, по нутритивниот состав, но исто така замена за животинско млеко, кај возрасна здрава личност не е ниту потребна, бидејќи како што кажав, млекото не е неопходна храна кај возрасните лица. Растителните млека се вкусни пијалоци, кои што може да се употребуваат и при подготовка на многу рецепти, но сепак не можам да кажам дека се замена за животинско млеко, заради нивниот состав. Кога се работи за возрасни лица кои што користат поголеми количини на животинско млеко во својата исхрана, сметам дека може да се зборува за некоја замена на животинското со растително млеко, доколку се бираат растителни млека збогатени со калциум.

Рингераја: С? почеста е појавата на брачна неплодност. Има ли квалитетот на исхраната влијание врз тоа?

Маја: Многу фактори влијаат на состојбата со брачната неплодност, но секако дека и квалитетот на исхраната има одредено влијание.

Рингераја: Што треба да биде опфатено во менито на трудниците и доилките?

Маја: Сè она што спаѓа во здрава и квалитетна храна, во умерени количини. Кога станува збор за трудници и доилки најважно е да се каже дека не треба непотребно да се избегнуваат одредени здрави намирници. Мислам дека не постојат толку многу митови околу тоа што не смеат да јадат трудниците, но во периодот на доење, постојат многу “забрани“ за внес на одредена храна. Моменталните научни препораки се дека после породување, секоја доилка треба да се храни здраво и квалитетно, и без избегнување на некои намирници за кои што се вели дека придонесуваат за грчеви кај бебето. Доколку понатаму бебето се соочува со грчеви, постепено се исфрлаат некои намирници од исхраната на мајката, во договор со стручно лице, со цел исхраната да не биде непотребно лишена од некои корисни производи.

Рингераја: Често слушаме дека се препорачуваат 8 чаши вода дневно. Колку оваа информација "држи вода"?

Маја: Потребите од вода се различни за секого и зависат од повеќе фактори, но сепак јас не гледам ништо лошо во оваа препорака, и мислам дека е практичен и разумен совет кој што одговара за повеќето од нас.

Рингераја: Во последно време многу популарни се протеинските прашоци. Дали оправдано?

Маја: Дали имаме потреба и корист од употреба на протеински прашок зависи од нашите потреби за протеини. Лица кои што имаат поголеми потреби од протеини, веројатно имаат и корист од употреба на протеин во прав, а сите оние кои што немаат зголемени потреби за протеини, лесно можат да ги задоволат своите потреби од протеини, преку исхраната. Протеинските прашоци не се неопходни, ама на некои лица можат да им бидат корисни.

Рингераја: Не помалку актуелно е и користењето на колагенот. Каков е твојот став?

Маја: Дефинитивно колагенот не е “лек“ за сите болести, и не е замена за здрав начин на исхрана и живот, но има докажани корисни бенефити, па така некои лица имаат придобивки од користење на колаген. Секако, треба да се внимава на квалитетот на производот и составот на истиот. Но, кога станува збор за суплементи мораме да разбереме дека суплементите не се тука за да ги поправат нашите лоши избори во поглед на исхраната и начинот на живот, туку тие се тука, за да можат заедно со здрав начин на исхрана и живот да ни помогнат во тоа да имаме и да одржуваме оптимално здравје.

Рингераја: На твојот Инстаграм профил постојано објавуваш многу корисни информации, а имаш и понуда за персонализиран план за исхрана. Кажи ни нешто повеќе околу тоа.

Маја: Социјалните мрежи се одлично место за споделување на корисни информации, и јас се обидувам да ги искористам баш за тоа. Внимавам на тоа за што најмногу е заинтересирана публиката, па дискутираме за такви теми, и одговараме на прашања од следачите. Секако, инстаграм е и добро место за започнување на убави соработки со клиенти, преку работа со некоја од услугите и програмите што ги нудиме. Иако се обидувам да креирам и готови програми, кои што се финансиски подостапни за сите, сепак најголем интерес од секогаш, имало за индивидуланите планови за исхрана и индивидуалните соработки. Тоа е така бидејќи повеќето од клиентите со кои соработуваме, покрај слабеење, имаат потреба и од едукација за исхрана при одреден здравствен проблем, и им треба поблизок конктакт, соработка, контрола и советување. Персонализираните планови за исхрана ги правиме во договор со клиентот, и ги прилагодуваме на неговите потреби, желби во исхраната и неговите можности, а целите ни се различни, и се движат од слабеење, преку диетотерапија, па и до креирање на здрави навики и начин на исхрана.

Рингераја: Креатор си на Водич за исхрана на доилки. Нешто повеќе околу истиот.

Маја: Водичот за исхрана на доилки го креирав, заради многуте заблуди на тема – што не смеат да јадат доилките. Во него се обидов, врз научна основа, да дадам совети за тоа што може а што не треба да се консумира при доење, и се обидов да ги опфатам најшироко распространетите заблуди на оваа тема, и да го пренесам научниот став за истите. Водичот содржи одговори на сите најчести прашања поврзани со исхрана на мајката при доење, и исто така содржи и 7 дневно предлог мени.

Благодарност до Маја за издвоеното време и исцрпните одговори. 

Следете ја Маја на социјалните мрежи и бидете во тек со сите корисници информации кои ги споделува

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 модни совети за бремени жени
Најважното нешто што треба да го запомните, кога станува збор за модата е дека не мора да го промените Вашиот основен ст...
3
Зошто спермата е добра за здравјето на жен...
Темата за спермата и нејзиното влијание врз здравјето на жената често пати се заобиколува. Но, зошто? Бројни истражувања...
3
На кафе кај Stardust Kejt ракотворби
Еден особено интересен профил на Инстаграм е Stardust Kejt ракотворби. Неговата креаторка, 34 годишната Катерина Јованов...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2