|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Марија - Beautiful M Jewelry

Марина Кљајиќ Петковски, 19.11.2021
Марија Ѓеровска е 29 годишна битолчанка, дипломиран физиотерапевт, вработена во приватна стоматолошка ординација како сестра. Мајка е на две слатки девојчиња, Антониа и Матеа

image
/11


 

Вљубеник е на рачната изработка, а нејзиното хоби - рачна изработка на накит прераснало во мал бизнис кој денес го води, познат на социјалните мрежи под името @beautiful_m_jewelry.

Рингераја: Видиш сопствен бизнис - изработки од епоксидна смола. Како дојде до оваа идеја? Какви производи има во твојата понуда? 

Марија: Мојата страна започна со накит и затоа така и се вика. Со почетокот на пандемијата интересот стивна. Отсекогаш сум сакала рачна изработка, особено изработки од епоксидна смола, па си реков да пробам. 

Во понудата има повеќе производи, меѓу кои накит, бележници за книги, украси, приврзоци, подметачи,комплети, вазни...

 

3

 

Рингераја: Колку време е потребно за да се изработи едно парче?

Марија:  Зависи што треба да се изработи, сепак потребни се 24 часа за целосно да се стврдни смолата но на некои производи се работи и повеќе дена.

Рингераја: Колку е лесно / тешко да се работи со епоксидна смола? 

Марија:  За мене воопшто не е тешко, тоа ми е еден вид релаксација, уживам додека изработувам .

Рингераја: Каква опрема е потребна за работа со истата? Дали е потребна претходна обука? 

Марија:  За работа со епоксидна смола се потребни одредени материјали, како силиконски калапи, дрвени стапчиња за мешање, задолжително ракавици и се разбира - многу љубов и магијата може да започне :) 

Во врска со обуката, јас на почетокот почнав целосно самостојно со претходни сознанија од гледање You tube видеа. Но, имаше некои грешки на кои немав решение и одговор па се пријавив на онлајн обука за полимерна глина и епоксидна смола.

Рингераја: Кој производ е најпопуларен?

Марија:  Едни од најбараните се бележниците за книги.

 

2

 

Рингераја: Колку си задоволна од досегашното работење? 

Марија:  Прилично сум задоволна, има побарувачка и ме радува што луѓето повторно се враќаат кај нас, значи ни веруваат.

Рингераја: Живееме во време на пандемија од која сите сме затекнати и нашите животи добија друг размер. Но,во сиот тој хаос, луѓето станаа поактивни на социјалните мрежи. Колку Инстаграм е алатка за водење бизнис и допирање до клиенти? 

Марија:  Искрено, сега с? оди преку социјалните мрежи. Интернет е клучно место каде што може да го понудиш тоа што го изработуваш и да се рекламираш.

Рингераја: Производите се достапни само преку нарачки на Инстаграм профилот? 

Марија:  Да, преку Инстаграм и ФБ профилите 

https://instagram.com/beautiful_m_jewelry?utm_medium=copy_link

Рингераја: Твои идни планови? Можеби некој нов производ?

Марија:  Имам многу производи а идеите доаѓаат сами од себе па никогаш не се знае што ново ќе имаме утре.

 

1

 

Рингераја: Што би им порачала на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?

Марија: Да си го следат својот сон, да го прават токму она што ги исполнува и ги прави среќни, тогаш ќе бидат успешни во својата работа.

Рингераја: Како успеваш да воспоставиш рамнотежа меѓу водење бизнис и мајчинство?

Марија:  Мајка на две малечки ќерки и вработена. Јас стојам на тоа дека доколку нешто се сака, с? се може. Добра организација и с? е можно. 

? благодариме на Марија за издвоеното време. А вам драги читатели, топло ви препорачуваме да ја разгледате понудата на нејзиниот профил.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Eucerin - за рамномерен тен на кожата
Голем број на жени се соочуваат со хиперпигментациjата, состоjба при која делови на кожата се со потемна боја. Тоа потем...
3
За бели заби - босилек!
Босилекот има многу корисни својства, за кожата, косата, забите и непцата
3
Што целулитот навистина е? Ова ќе ве шокира!
Целулитот често се нарекува проклетство на жените, бидејќи толку многу жени страдаат од вознемирувачката кора на портока...
3
Светлана Црнокрак е бремена по втор пат
Многу работни ангажмани и уште едно дете
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?