vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Maskne, претставуваат вид на акни кој е предизвикан од механичко триење на кожата. Кога имаме маска на лицето, ја иритираме кожата, ги запушуваме порите, а потоа се лачи себум и така, многу полесно се шират бактериите кои продираат длабоко под кожата
Она што ќе го забележите, се многу мали акни, а не оние длабоки и болни испакнатини, кои најчесто се предизвикани од хормони.
Освен видливите мали, бели точки, важно е да знаеме, на кој дел од лицето се појавиле акните. Оваа работа е клучна, бидејќи овој вид на акни се појавува само на деловите од лицето на кои се прилепува маската кога се нанесува. Сигурно нема да се појави околу усните, туку по брадата, преку мостот на носот и на образите.
Правила за третман на маскни:
1. Хидрирај се како професионалец
2. Не носи шминка секојдневно
3. Чисти ја добро кожата
4. Навечер (максимум 3 пати неделно) употребувај серум со активни компоненти кои ќе и помогнат на кожата да се справи со ова механичко триење и запушување на порите
Производ кој ми дава добри резултати, во третманот на оваа појава е серумот True Alchemy - Acids, кој претставува мешавина од 3 добро концентирани и внимателно избрани состојки, кои во добри услови, би ги поднела секоја кожа.







3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...
Природни начини за ублажување на настинка и грип
Топлите напивки, одморот и доволниот внес на течности можат да помогна...