|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Митови за сродните души

Редакција Рингераја, 19.8.2011
Сродна душа. Што значи тоа и постои ли воопшто такво нешто? Некој во кого се заљубуваш во првиот момент и остануваш со него на врвот од виножитото до смртта?

image
/11


 

Сите ние имаме една идеалистичка претстава за љубовта со единствена срошна душа, но водиме ли сметка што значат овие термини?

Многу луѓе не размислуваат реално за тоа што е сродна душа. Еве ги и најраспространетите митови за неа, за кои сите мислат дека се точни. А не се.

 

Врските со сродните души лесни се одржуваат

Врските не се секогаш лесни, да не кажеме речиси никогаш. Зошто сме способни секојдневно да се трудиме да работа и да вложуваме голем напор за да ја заработиме месечната плата, а кога станува збор за љубовта да не вложуваме ништо? Тоа е многу наивно.

Сите врски одземаат време, енергија, работа, посветеност и одлучност. Ако сакате и Вашиот партнер да Ви стане сродна душа, ќе треба да поминувате повеќе време со него, да работите на комуникацијата, да станете заинтересирани и да се научите да правите компромиси.

 

Сродните души немаат конфликти

Оваа изјава е најдалеку од вистината. Секоја врска без конфликт е како врска меѓу двајца мртовци. Вие сте човек, тој/таа е човек и природно е да сте различни персони. Како е воопшто можно да немате конфликти? Клучот е да умеете да се справите со нив.

Конфликтите можат да бидат здрави, бидејќи ја наведуваат двојката да погледне во своите разлики и да се обиде да ја разбере перспективата на другиот. Конфликтите ќе Ве натераат да погледнете кон себе, да ги преиспитате сопствените ставови и вредности и да почнете да комуницирате по зрело. Каде што има кавга – има и љубов.

 

Сродните души пливаат во романтика

Реалните живот не е љубовен филм. Факт е дека во почетокот кога хормоните беснеат, се е исполнето со љубов и страст, но тоа е краткотрајно. Потоа хемиските процеси во организмот се нормализираат и почнуваме да мислиме дека тоа не е вистинска љубов и да се разочараме.

Не треба да ја споредуваме реалноста со романтиката која постојано ни се наметнува на екранот, или на страниците од книгите и списанијата. Што воопшто претставува романтиката? Бомбони, цвеќиња и розеви свеќи? Тоа се само клишеа. Секој човек е различен романтичар.

 

Сродните души мислат исто

Без разлика колку сакаме ова да е вистина – ние не делиме еден ист мозок. Многу мажи и жени сметаат дека ако сте “вистински сродни души” треба да сте едно и треба да мислите и да се чувствувате како еден човек, како да имате ист вкус, стремежи, идеали...

Тоа не е вистина. Да, се разбира дека убедувањата на сродните души се горе-долу исти, сепак се тие различни луѓе.

Сродните души се надополнуваат, а не се апсорбираат една во друга.

 

Сродните души немаат меѓусебни тајни

Изненадувачки многу луѓе се растројуваат до краен степен кога ќе дознаат дека партнерот не споделува се со нив, а би требало.

Е да, убаво е да сте чесни едни кон други, но исто така е убаво и да се почитуваат чувствата на другиот. Вашиот партнер воопшто не е должен да Ви дава отчет на сите мисли зошто на крајот секој има право на свое лично пространство, дури и ментално.

Некои работи остануваат приватни и ние немаме право да ровариме во нив.

 

Вашата сродна душа е можеби покрај Вас. Завртете се.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со Небојша Вуковиќ, директор на &...
Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани правни и физички лица кој го изработуваат учениците...
10
Дали гумите за џвакање им помагаат на забите?
Класичите гуми за џвакање со шеќер се недвосмислено штетни и треба да се избегнуваат
4
Доцнење на говор кај децата
Во денешно време, повеќето од децата се подоцна прозборуваат.Загрижени родители бараат совети, помош, утеха насекаде.Но ...
4
Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4




Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?