Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Мамо, знаеш дека бебињата не ги носат штрковите?
Секој пат кога со надеж погледнуваше нагоре и посакуваше да постојам, јас сè повеќе се приближував кон тебе. Ме привлече доброто срце, твојата неизмерна љубов и топлина. Ти самата претчувстваше дека наскоро твоите солзи ќе бидат од радост, нели? Можеби сум ти праќал сигнали, а можеби нашата врска почна многу пред да го видиш позитивниот тест за бременост.
Мммм, колку ми е убаво - сместен во стомачето што со радост го галиш. Ти си внимателна и грижлива, не можам да се пожалам од менито ти за неделава, ниту од твоите музички преференци! Мамичке, имаш вкус!
Но ... само една мала препорака - на плажа ставај го едноделниот костим, оној темниот, бидејќи инаку сончевите зраци навлегуваат во мојот личен простор, а тука немам UV заштита!
Исклучително сум среќен што сите во семејството се израдувавте на веста за мене. Начув како баба плеска со рацете, а дедо вели дека за овој настан има посебен пијалак што го чува во подрумот. Тогаш тато за прв пат се расплака, а ти беше најсаканата жена во целиот свет. Почнувам да мислам дека јас сум единственото бебе што вашата планета очекува да се роди.
Се сеќаваш ли на последниот ултразвук кај докторот? Тогаш многу ти се насмевнував, но ти можеби не забележа и дури ме нарече "слатка дамка". Нема да се расправам, но јас имам друга проценка за себе.
Ќе се појавам на белиот свет со името Борис. Имам сериозни планови за иднината, исполнет сум со трепет и возбуда. Сонувам да станам архитект, а во слободното време ќе сликам пејзажи и портрети - на места и луѓе кои сакам засекогаш да останат живи. Тебе, мамо, ќе те сликам најмногу, ти си мојата муза. Ми даваш сила и вера, а убавината твоја ме инспирира.
Патем, имам дупче на брадата и убави светли очи. Уф, голем убавец сум! Штета што во тебе нема огледало, за да се насладувам на својот имиџ. Само да знаеш каков неверојатен син ќе родиш!
Еј, заборавив да ти се пожалам! Тука, до мене, има една девојка. Некоја Каја! Ми зафаќа од местото во утробата, ма турка и тврди дека ти била ќерка! Многу е тивка и само спие. Никако не ја бива во комуникација! Ти сеуште знаеш само за мене, но ... другиот месец, докторот ќе ти каже и за неа!
Многу те сакам!
Твојот син Борис
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Семејството е местото каде што започнува сe
Тоа е местото каде што ги правиме првите чекори, каде што учиме што зн...
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...