|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Замислете едно бебе кое учи да оди. Што ако при првото паѓање тоа не сака веќе да се исправи и да се обиде повторно? Бебињата се најдобар пример за важноста на “развојниот ум“ бидејќи тие продолжуваат да се обидуваат дури и кога им е тешко
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Бебињата не се плашат од неуспех и не се срамат доколку нешто не можат да направат. Како што растат децата почнуваат да се грижат за тоа што ќе кажат другите или за тоа како ќе се чувствуваат доколку не успеат. Ослободувањето од стравот и од двоумењето дали повторно да се обидат или не може да биде тешко, но она што можат да го направат родителите е да му помогнат на своето дете да развива т.н. “развоен ум“ .

Што претставува “развојниот“ наспроти „фиксниот ум“?

Кога некој има “фиксен ум“ тој не верува дека може да се подобри во нешто вежбајќи. Луѓето со “фиксен ум“ често се откажуваат наместо да се потрудат повеќе. Овие луѓе веруваат дека сме родени со одредена интелигенција и способности и дека истите се фиксни.

Луѓето со “развоен ум“ разбираат дека преку вежбање и учење на нови информации нашиот мозок се развива и се менува. “Развојниот ум“ е верување дека со вежбање, упорност и напор луѓето имаат неограничени можности за учење и раст. И наместо да се плашат и да ги избегнуваат предизвиците се фокусираат на процесот на раст и развој.

Луѓето кои имаат “развоен ум“ се поотворени кон нови работи бидејќи не се плашат од неуспех а со тоа имаат повеќе можности во животот. Развојниот ум не значи дека тие полесно ги учат работите или полесно ги подобруваат своите способности туку значи дека веруваат во тоа дека напорната работа на крај ќе го даде посакуваниот резултат.

Пред се научете го вашето дете да не се плаши од неуспехот. Понекогаш грижата дека нешто ќе погрешиме е пострашна од самата грешка.  Обидете се со оваа вежба:

-Цртање во темно-

Во оваа вежба кажете му на вашето дете дека ќе црта во темно. Потребен ви е молив и лист хартија. Пред да започне да црта прашајте го вашето дете што мисли како ќе се чувствува додека црта без да може да гледа, поразговарајте за неговите мисли и грижи. По разговорот исклучете ги светлата во собата или прекријте ги очите на детето со марама и побарајте да нацрта брод кој плови низ океан.

Откако ќе заврши вклучете го светлото или тргнете ја марамата и поразговарајте како е задоволно од цртежот, како се чувствуваше додека црташе, како се чувствуваше кога го погледна цртежот.  Пофалете го за нацртаното, можеби нема да биде задоволно од она што го нацртало но затоа постои гумата. Сега кажете му дека може да си ги поправи грешките. Повторно поразговарајте за тоа како се чувствува сега кога ги поправа грешките.

Стравот од грешки понекогаш е парализирачки, ги ограничува можностите. Секогаш трудете се да му укажете на вашето дете како може да учи од грешките и како тие му помагаат да стане подобро. Научете го секогаш кога ќе погреши нешто да направи рефлексија, да открие што тргнало наопаку и како да го поправи тоа следниот пат.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Конкурс за годишна награда "Ѓурѓа"
По повод 25-годишнината од излегувањето на првата книга (1987), Издавачката куќа Ѓурѓа распишува Конкурс за годишна Нагр...
4
Татко – најважната фигура во животот на ќе...
Таткото е една од најважните фигури во животот на ќерката. Ќе Ви откриеме зошто е толку одговорен за тоа девојчето да се...
3
Како една мајка престана да им вика на сво...
Многу ми значат пораките кои ги добивам од своите деца – па и да се исчкртани на мало парче хартија или напишани со совр...
3
Дали нашите деца ќе бидат „загубена Ковид-...
Поради многуте корона-рестрикции во медицинската и социјалната сфера, од кои се опфатени и младите, УНИЦЕФ на Светскиот ...
3




Анкета

izbor na ime
raklav

glasajte iskreno

sara (42%)

melek (14%)

hanija (2%)

hana (26%)

azra (5%)

melina (11%)


Број на сите гласови: 394

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!