vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мајчинство е кога ќе се разбудите во средината на ноќта заради чаша вода, заради палење ламба, додавање ќебенце, бакнување на мечето, или преврска на ножето.
Мајчинство за правење на ручек по ручекот, по ручекот, по ручекот, по ручекот...
Мајчинство се сите ваши потрошени пари.
Мајчинство е да не се сеќавате кога последен пат сте спиеле цела ноќ.
Мајчинство е бришење на каки, колку што не сте замислувале дека ќе видите во животот.
Мајчинство е валканиот автомобил, кој се срамите и вашиот сопруг да го види.
Мајчинство е слушање на зборот „зошто„ најмалку 100 пати на ден, на кое 99 пати не можете да смислите одговор.
Мајчинство е кога знаете, само со еден допир на челото, колкава е температурата на детето.
Мајчинство се стриите на вашиот стомак и нозете двојно поголеми од порано.
Мајчинство е кога конечно ја почитувате својата мајка.
Мајчинство е кога постојано фантазирате дека ќе завршите со перењето алишта.
Мајчинство е кога ја пеете цела песна со децата, иако истата ви оди на нерви.

Мајчинство е кога чувствувате немир, ако децата не се под ист покрив со вас.
Мајчинство е кога постојано се чувствувате делумно болна, а никогаш не легнувате.
Мајчинство е кога не вршите нужда и не се туширате на мир.
Мајчинство е кога со ракавот од блузата му ги бришете на детето мрсулите, или неговата валкана уста.
Мајчинство е кога препознавате кое од вашите деца се качува по скалите, без да каже ниту еден збор.
Мајчинство е кога ќе легнете преморена на креветот да одморите, а тогаш детето ќе каже некоја шега на која ќе прснете од смеа како да сте седмо одделенка. Мајчинство е моментот кога без здив и со црвени образи од умор ќе се откажете од краткото спиење, за да ги гледате трите деца како спијат во своите кревети. Мајчинство е кога ќе кажете „Тие се мои и за нив вреди секоја неприспиена ноќ„.
А тогаш доаѓа моментот, две секунди подоцна, кога едниот од нив случајноќе ја испружи раката и ќе го удри другиот, а овој ќе го прегризе во знак на одмазда, а ти повторно ќе се молиш за само две секунди мир во денот во оваа куќа.
Тоа е она што е мајчинството за мене.
6
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали мокрењето по однос спречува бременост?
Мокрењето по сексуален однос не спречува бременост. ...
Колку често треба да се капе новороденчето?
Новороденчето не мора да се капе секој ден. ...
Вашето тело закрепнува по породувањето
По породувањето, телото на мајката започнува период на закрепнување. ...
Како возраста влијае на машката плодност?
Машката плодност не престанува нагло со одредена возраст, како што чес...
Кога се препорачува амниоцентеза?
Амниоцентезата е пренатално дијагностичко испитување што овозможува да...