vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мајката на 5 деца легнала на крпата на плажа, но набрзо потоа слушнала дека неколку млади луѓе околу неа и се смеат. Тие се потсмевале со нејзиното тело кое донесло на свет пет деца. Повредена, им напишала отворено писмо, кое е споделено скоро милион пати.
“Ова е отворено писмо до двете момчиња и девојката на плажа, кои одлучиле да се одморат и наместо да градат куќа во паркот Шервуд, да дојдат до плажата и да се опуштат на сонцето со неколку пива.
Жал ми е што ве згрози мојот прв обид да се облечам во бикини по тринаесет години. Жал ми е што стомакот не ми е рамен и затегнат. Жал ми е што е прекриен со стрии. Сепак, не ми е жал што моето тело вдоми, израсна, заштити, роди и негуваше пет фантастични интелегентни, здрави и прекрасни човечки суштества. Жал ми е ако моето тело од 33 години и 56 килограми толку ве згрози да морате да вперите прст во мене, да се смеете и да се преправате дека ме удирате. Сакам да знаете дека, кога ги гледав вашите прекрасни млади тела помислив – каков величенствен подвиг направија? Сакам да знаете дека стоев со крената глава, не се ни помрднав додека ме исмевавте, иако после во автомобилот плачев. Ви благодарам што ми го уништивте денот. Луѓето како вас го прават овој свет неубав и полн со омраза. Чувствувам сожалување кон жените кои еден ден ќе раѓаат ваши деца и потоа ќе ви бидат одвратни, заради начинот на кој се менува женското тело во текот на бременоста. Се надевам дека еден ден ќе сфатите дека моите лузни се за гордост, а не за срам!”

4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...