Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
На супер лепилото не му е местото во домот на мали деца.
Ниту на маркерите.
Не постои такво нешто да му се дозволи на детето да си поигра со телефонот само еднаш.
Не го користете Google за да дијагностицирате болест. Никогаш.
Играчките од продавниците “Се за 1 евро” ќе ве чинат плус фрустрации, лутина и жалење.
Лошите две години траат до десеттата година. Или засекогаш.
Секогаш со себе носете влажни марамчиња, иако детето веќе не носи еднократни пелени.
Запишувајте какви поклони давате на роденденските забави и какви ви даваат.
Не чувајте батерии за резерва дома, или ќе бидете приморани повторно да ги слушате бучните играчки.
Направете backup на сите фотографии. Или подобро ставете ги го албум.
Прво видете што има во рерната, па потоа пуштете ја.
Нема смисла да ги местите креветите.
Прифатете го фактот дека ќе бидете иста како вашата мајка.
Секогаш проверувајте ги џебовите пред перење.
Не се трудете да ги стасате децата кога трчаат.
Снимајте ги повеќе.
Секојдневното капење не е задолжително.
Најдете млада бебиситерка. Што помалку атрактивна, тоа подобро.
Секогаш имајте метална парична во џеб. Во случај некој заб да не падне.
Носете му храна на детето во играчка-количе.
Чувајте ја козметиката подалеку од очите на децата.
4-годишното дете може да најде се што сте скриле во куќата.
Научете ги децата да ги собираат коцките пред заспивање, бидејќи ќе сфатите дека нема ништо по-болно од стапнување на лего-коцка во темница.
Зачувајте го одговорот НЕ за тогаш кога навистина ќе биде потребно.
Не ги изложувајте децата на директно сонце.
Бидете претпазливи кога се приближувате кон тоа суво грозје на подот. Веројатно не е суво грозје.
Не купувајте скапи алишта на децата.
Не им верувајте кога ќе ви кажат дека не им се мочка кога сте на гости. Сигурно ќе се измочкаат во гаќи.
заклучете ја вратата од вашата спална соба.
Исто и од бањата.
Никогаш не отворајте лименка од сода која ви ја дало детето.
Длабоко во сеќавањето врежете ги тантрумите на децата, за да можете подоцна да уживате во животот.
Не се фрустрирајте за истрижената коса. Повторно ќе порасне.
Но не и на барбиките. Затоа скријте ги ножичките.
Не купувајте повеќе од два пара чевли одеднаш.
Независно од тоа колку ветуваат, децата нема да го остават надвор тоа маче кое го најдоа на улица.
Чувајте резерва лижавчиња дома. Може да ви притребаат и по полноќ.
Не им дозволувајте да си играат со пластелин на подот.
Бањата никогаш нема да ви биде чиста ако имате син.
Родителството не е лесно.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?