|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Книгата - најдобар пријател

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Книгата му дава на детето моменти на забава, но и нови сознанија. Еден дел од слободното време на детето треба да се исполни со читање интересни и корисни книги.
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Детето треба што порано да влезе во чудесниот свет на книгата кој му нуди можност за неверојатни авантури во својата фантазија. Слободните моменти се идеално време на детето да му се приближи книгата. 

Љубовта кон книгата и читањето се постигнува во раното детство. Секако, кај сите деца не е подеднакво развиено интересирањето кон пишаниот збор. Воспитувањето и влијанието на родителите игра голема улога во карактерот на детето и интересирањето кон книгата. Подоцна, на училиште, учителките треба кај децата да ја доразвијат љубовта кон читањето и да предизвикаат интересирање за читање на одредени книги.

Меѓутоа доколку детето во почетокот дава отпор и не сака да чита, не треба по секоја цена да го присилувате да ги сака книгите, бидејќи тоа кај него ќе создаде поголем отпор и поради тврдоглавост и од инает нема да прави она што ќе му кажувате.

Многу родители се размислуваат дали своите деца да ги учат да читаат пред да тргнат на училиште или тоа да им го препуштат на учителките во потполност. Доколку детето пред да тргне на училиште ги знае сите букви, сигурно ќе му биде досадно на училиште додека ги учат останатите деца. Но, современата педагогија дозволува детето и пред да тргне на училиште да научи да чита, секако ако за тоа покаже интересирање. Во тој случај треба на детето да му обрати повеќе внимание и да му се каже секоја буква за која тоа прашува.

Децата ги интересираат многу работи, па често пати она што не можат да го дознаат од постарите, се трудат да го пронајдат во своите книги. Затоа би требало да му помогнете на детето да го дознае она што го интересира и да го насочите кон оние книги кои се напишани за неговата возраст и кои му се обраќаат на јазик разбирлив него.

За да читањето не остане површно, туку да остави длабока трага во детското сеќавање, детето треба да го научите да чита креативно. Што значи тоа? За секоја приказна или книга која ќе ја прочитате, добро е да поразговарате за неа малку повеќе, да ги издвоите најинтересните делови и ликови, да ја споредите книгата со други книги кои детето веќе ги прочитало. Бидејќи, ако од мало ја засака книгата, детето ќе ја сака и секогаш ќе се навраќа на неа дури и кога ќе порасне.

Голема работа е да имаш добар и верен пријател во книгата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават повторно физичка и емотивна близина, која ја имале пр...
5
Совети за успешна школска година
Почетокот на новата школска година секогаш носи мешавина од возбуда, очекувања и малку грижи.
4
Бракот по децата
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за секој пар.
4
Заминување на спиење
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vnimavate sto zboruvate pred vasite deca?

Da (33%)

Ne (0%)

Ponekogas (67%)


Број на сите гласови: 9

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!