|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

kkkk: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 28.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: kkkk

Датум на породување: 14.02.2008 година

Тип на породување: природно

Болница: во Битола

 

Судбоносното  ДА го кажав на 14.02.2004 година. Наближуваше годишнината. Моето меше веќе беше големо и...да ...бев во деветиот месец од бременоста.
Бев возбудена ..но поради годишнината и прославата, која секоја година се случуваше во ресторанот каде што кажав ДА.
Утрото мојот сопруг замина на работа во 07:30 часот. Јас станав на кратко и пак се вратив во креветот но при легнувањето ,осетив дека нешто „бликна“ од мене. Ми пукна водењакот.
Се организиравме и во 8 часот  веќе бев на болница.
Персоналот почна да се смее. “Кај најде на празник да се пораѓа???“
Но тоа беше најубавиот празник, денот на виното, денот на љубовта ,4 години од еден од најсреќните мигови во мојот живот, беше 14.02.2008 година.
Мојот син,  кој до 6-тиот месец од бременоста не држеше во неизвесност дали е момче или девојче, па доби претежно жолта гардероба , не сакаше баш да се потруди и да и олесни на мамичка. Добив инфузија и чекав...
Некаде кај 14 часот болките станаа вистински и станав малку да шетам по ходниците.
Немаше никој со мене и тоа дополнително ми внесуваше нервоза.

Откако заврши со работата, околу 15 :30 часот, мојот сопруг се нацрта  во ходникот. Помислата  дека е тука ми даваше сила и елан.

„Ајде, биди храбра, роди го нашиот син, подари ми го најубавиот подарок за годишнината“ ми шепотеше тивко мојот сакан додека ми ја стискаше раката во ходникот , а неговата трепереше повеќе од мојата.
Во 17 часот сакаше да замине на кратко за да руча кај свекрва ми, која живееше наспроти болницата, но докторката го врати и му кажа дека ќе биде за многу брзо.
Мојата душичка почна да доаѓа на свет...
Иако 40 минути останав на боксот, иако примив 2 инјекции за напон  во вена, иако бев целата со рани, сепак не постојат зборови кои би го опишале моментот кога едно мало раче кое беше како плиш ми го дадоа да го бакнам. Тоа беше прв пат во животот да почувствувам  дека моето постоење повеќе има смисла, само ако го гледам тоа мало суштество.

Дадов живот! Не постои поголем успех, не постои поголема среќа.

ЈАКОВ се роди од голема љубов, чекан и посакуван. Се роди на најубавиот ден во годината, се роди на денот на прославата на љубовта. Има веќе 2,5 години, но јасно и гласно вели :„ТЕ САКАМ!“

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Јаков !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
8
Табела на раст на плодот по недели
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...
5
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
4
Медикаментозен абортус
Медикаментозниот абортус е понов метод за прекинување на несакана бременост со употреба на таблети, наместо со хируршка ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?