namesp во 10:11
Молитва за трудници
Православен молитвеник, 27.11.2013
Семожен Боже, Создателу на сé видливо и невидливо! Кон Тебе, возљубениот Отец, прибегнуваме ние, кои сме надарени со разум уште од создавањето, зашто Ти, според посебниот совет си го создал нашиот род, со неискажлива мудрост го создаде нашето тело од земја и вдахна во него душа од Својот Дух, за ние да бидеме Твое подобие. Иако си можел да нé создадеш подобни на ангелите, сепак, на Твојата премудрост и било угодно, преку маж и жена и во, од Тебе востановен брачен поредок, да се умножува човечкиот род. Ти си посакал да ги благословиш луѓето, за тие да растат и да се множат и да ја наполнат не само земјата, туку и ангелските редови. О, Боже и Оче! Нека биде во векови славено и прославувано Твоето име за сé што ти си направил за нас!
Ти, Благодарам, исто така, и за Твојата милосрдност, што не само јас, според Твојата волја, произлегов од Твоето чудно создавање и го потполнив бројот на избраните, но и за тоа што си ме благословил мене во брачната заедница и си ми испратил плод во утробата. Тоа е Твој дар, Твоја божествена милост, о Господи и Оче на духот и телото! Затоа и Ти се обраќам јас кон Тебе единствениот и Те молам со смирено срце за милост и помош за она, кое Ти го создаваш во мене преку Твојата сила, да биде сочувано и доведено до благопријатно раѓање. Зашто јас знам, о Боже, дека не е во власта и во човечката сила ние да го избираме својот пат, ние сме премногу слаби и склони кон паѓање, за да поминеме низ сите лукави мрежи, кои, по Твое допуштање, ни ги поставува нечестивиот дух, и да ги избегнеме сите тие несреќи, во кои нé воведува нашето лесномислие. Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напади.
Затоа и јас, милосрден Оче, се предавам себеси во мојата тага во Твоите раце и Те молам да погледнеш на мене со очите на милосрдието и да ме сочуваш од секакво страдање. Испрати ми мене и на мојот мил маж радост и утеха, о Боже, Владико на секоја радост! Запазени под твојот благослов, и ние од сé срце да Ти се поклониме Тебе и да Ти служиме со радосен дух. Јас не сакам да бидам ослободена од она, што Ти си го наложил врз целиот наш род, заповедувајќи со болки да ги раѓаме своите чеда. И ако Ти ја слушнеш оваа наша молитва и ни испратиш здраво и паметно дете, тогаш, ветуваме, дека ќе го доведеме повторно при Тебе и ќе го посветиме пред Тебе, за да бидеш ти со нас и со нашето чедо милосрден Бог и отец, како што и ние ветуваме, дека засекогаш ќе ти бидеме верни слуги, заедно со нашето дете. Чуј ја, милосрден Боже, молитвата на Твојата слугинка, исполни ја молитвата на нашето срце, заради Исуса Христа, нашиот Спасител, кој заради нас примил тело, а сега живее со Тебе и со Светиот Дух и владее во вечноста. Амин!
(Потоа се чита молитвата Оче наш).
Православен молитвеник, стр. 103-104
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
За време на бременоста, бебето во текот на својот развој се движи во неколку различни позиции. Како што се приближува да...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
