|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да уживате со детето на снегот?

Редакција Рингераја, 31.1.2012
Снегот не е само радост на најмалите, туку и можност заедно со детето да се потсетиме на своето детство...

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Снежната идила посебно ги воодушевува најмладите, а и на постарите им е тешко да и одолеат. Снегот е тука и сега е време да се потсетите на забавните игри кои ги игравте додека бевте деца, додека сте топло завиткани во дебелите јакни, капите, шаловите и ракавиците.
И стручњаците им советуваат на родителите да поминуваат време со децата во забавни игри на снегот, кои внесуваат многу радост и смеа, посебно на најмладите. Многу родители се плашат дека децата можат да се повредат во игрите на снег, затоа е исклучително важно родителите да бидат со нив во текот на играта.



Снешко белчо


Снешкото ќе го израдува Вашето дете, а можете да го правите и кога детето е многу мало. Ќе ужива дури и ако Ве гледа низ прозорецот, додека го создавате чудниот снежен човек. Кога малку ќе порасне едвај ќе чека и самото да направи снешко. Ако сте заборавиле како се прави, еве кратко упатство. Најпрво направете мала топка снег која ќе ја тркалате додека не стане голема и ќе ја донесете на местото каде сакате снешкото да стои. Сега направете уште две помали топки и ставете ги една над друга. За очи ставете камчиња или жарчиња од огнот, нос од морков или пиперка и уста од гранчиња. На главата ставете му лонец, а раце направете му од гранки или стара метла.

Фигури од снег


Не морате секогаш да правите снешко. Обидете се да направите и нешто друго, малку покомплицирано, со Вашето дете. Оставете го детето да Ви предложи што да биде тоа.
Направете материјал исто како за снешко, со тркалање на големи и мали топки снег. Спојувајте ги така што ќе направите облик од саканата фигура, а потоа со рацете обликувајте ги. Ако знаете дека снегот ќе потрае неколку дена, не брзајте, бидејќи интересот на детето ќе трае подолго.



Слики во снегот


Кога прв пат ќе излезете на снег, Вашето дете сигурно ќе биде изненадено од трагите кои остануваат зад него, кога поминува низ снегот. Научете го да прави слики во снегот. За сликите да бидат што поубаво, треба да ги направите во снежна површина која никој не ја газел. Покажете му како се прават слики во снегот, а потоа помогнете му безбедно да се спушти на снегот. Предуслов оваа игра е да се облечете во облека која не пропушта вода.



Тепање со снежни топки


Тепањето со снежни топки е првата игра  на снег, на која ќе го научите своето дете. Веднаш објаснете му како се прават снежни топки и дека не треба да фрла со камења и парчиња мраз, туку со снег. Децата можат да се поделат во две екипи и да се тепаат со снежни топки меѓусебно. Многу е важно да се сите на иста возраст и да не се повредуваат едни со други, а исто така и да бидат на безбедна раздалеченост. Ако процените дека таквата игра е ризична, посебно ако Вашето дете е сеуште мало, тогаш изберете дрво или ѕид во кое детето може да гаѓа без опасност да повреди некого, или да се повреди себеси.


Уште нешто

Зошто да не цртате на снегот, како што цртате на песокот? Исто така можете да сокриете некој предмет во снегот, а потоа да одите во лов на скриеното богатство. Оваа игра им е посебно интересна на децата и тие можат бескрајно да уживаат во неа.
По престојот на снег затоплете се дома со топол чај.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да направите кога детето е мета на исм...
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, родителите често прво чувствуваат лутина и беспомош...
29
Млади таленти: 5-годишен тапанар од Гевгелија
Повеќето родители не би ви се заблагодариле доколку на нивното дете му подарите комплет тапани. Малите деца создаваа...
5
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето.
4
Детето се уште не зборува. Што да правам?
Секој родител со нетрпение очекува неговото дете да ги изговори првите зборови и да се научи да именува што сака и што г...
4




Анкета

Problemi
gabriela 02

Sto bi napravile ako ste vo brak i imate edno dete i nereslivi ogromni problemi

Bi go ostavile soprugot (56%)

Bi gi trpele problemite zaradi deteto (38%)

Bi se premazile (7%)


Број на сите гласови: 106

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!