|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да бидете подобра мајка во 5 чекори?

Rachel Martin, 24.4.2015
Овие пет чекори се работи кои веќе ги правите. Тоа што сте мајка е доволно! Повелете:

image
/11


 

Престанете да се споредувате. Им требате на вашите деца. Вие. Вие сте прекрасна мајка на вашите деца. Знам дека понекогаш чувствувате дека не сте доволно добра и дека се прашувате како заглавивте во овој круг со мало човече кои треба да го убедувате за се, па дури и за да остане во кревет. Да. Го разбирам тоа. Сум имала такви моменти во кои сум се прашувала дали сум квалификувана да ги одгледувам, да ги израснам и да им бидам мајка на моите деца. Но ви кажувам дека вие, баш вие и баш сега сте квалификувана да им бидете мајка. Вие, а не мајката која на фејсбук има направено идеални оброци за децата во перфектно чистата кујна.

Значи, нема веќе споредби. Нема веќе размислување – Ах, да бев како неа, животот ќе ми беше полесен и ќе бев подобра мајка. Не. Вие сте нивната мајка. Им требате и ве сакаат. Дури и кога ви викаат, ви ја трескаат вратата и се затвораат во соба. Дури и тогаш.

 

Сакајте се себеси. Водете грижа за себеси. Знам, малку е чудно, нели? Но вистина е. Вие морате да водите грижа за себеси во мисијата мајчинство. Не зборувам за тоа да си земете парче торта за себе. Чекајте. Постојат сезони во животот кога заслужувате слободно време. Нови мајки – сакам да го вкусите секое поединечно туширање кое го имате. Вкусете го и уживајте. Добро, чекајте уште еднаш – уживајте во 48-те секунди пред да ви тропнат на вратата и да викаат панично – МАМООООООООО!

Сериозно, одвојте време за себе. И сакајте се себеси, почитувајте се себеси. Одгледувајте ги вашите таленти и не им дозволувајте да исчезнат само заради тоа што сте мајка. Дозволете им да растат и да расцутат. Децата е добро да видат дека правите нешто што го сакате и дека се грижите за себе. Тоа треба да го запомнат, а не мајка која комплетно била надвор од себе. Одморот е добар. Смеењето е добро. Грижењето за себе е одлично.

 

Не очекувајте совршенство. Од себе. Од својот живот. Од своите деца. Од своите пријатели. Очекувајте се', само совршенство не.  Животот е далеку од совршен, но тоа не го прави помалку убав.  Ќе додадам само -  несовршенството е тоа што го прави животот убав. Моментите во кои ќе ја откриете вашата сила и храброст и вашиот капацитет да сакате друга личност, не се случуваат кога се се одвива како подмачкано. Тоа се случува во тешките моменти, кога ќе ја откриете неверојатната сила во себе.

Најубавите моменти се во секундите на вдишување кога доживувате стрес.  Кога паѓате, станувате и повторно и повторно се обидувате.

 

Оставете ги вашите деца да бидат деца. Тие се деца. Тие не се мини-возрасни, ниту мини копија од вас. Тие се единствени, прекрасни, неповторливи, луди, енергични, емоционални, плачливи, радосни, скокачи по кревети, независни и слободни луѓе. Но во овој момент тие се деца. Тие од вас учат какви треба да бидат кога ќе пораснат.

Но исто така, сега е време да бидат деца. Нивно е времето кога ќе прават неред низ куќата. Кога ќе си играат со боите, кога ќе трчаат во паркот, кога ќе креираат, градат, кога ќе се смеат и учат. Кога ќе трчаат, ќе скокаат ќе истражуваат. Децата треба да го изживеат детството до максимум.  А вие мора да им дадете простор во кој ќе нема место за култура. Оставете ги децата да бидат деца.

 

Прославете ги малите нешта.  Животот е колекција на мали моменти, мали застанувања на времето и здивот и тие го отсликуваат вашиот живот, вашата приказна, вашиот пат на мајчинството.

Гледањето во ѕвездите во темната ноќ, дозволувањето на детето на стави премногу рендан кашкавал на макароните, заедничкото играње во песок, читањето приказни пред спиење, едноставно, функционирањето како семејство. Вашето седум годишно дете ќе се прерадува и ќе помни ако му ставите екстра топка сладолед во чашата. Или ако му дозволите да поигра надвор уште 15 минути. Тие мали моменти се важни.

 

Пет чекори.

Ќе ви откријам една тајна. Вие веројатно ги правите сите овие работи.

Ги потенцирав, бидејќи не ги забележувате, а баш тие моменти ве прават прекрасна мајка.

Неповторливо храбра мајка. Неповторливо.

Овие деца растат. Вие добро си ја вршите работата. Ден по ден, еден по еден мајчински момент.

 

~Rachel

FindingJoy

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку вкупно заби имаме???
Стоматолошката ординација Калајџи “Dental Care” во соработка со семејниот портал Рингераја.мк ќе спроведува здравствено ...
5
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
5
Како да неутрализирате тантрум на јавно ме...
Вашето дете има тантрум на јавно место. Чувствувате дека сите гледаат директно во вас, а вие претпоставувате дека се пра...
4
Поддршката родител - дете е во взаемна корист
Секоја работа со својата тежина без разлика дали си во работен однос или си домаќинка обврските се тие - понекогаш погол...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?