Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Здрава мајка, здраво бебе
Научниците од Педијатрискиот медицински центар во Синсинати, САД во соработка со Вивекананда фондацијата за истражување на јогата од Бангалор, Индија ја следеле бременоста на 335 жени, на возраст од 18 до 35 години, кои биле распределни во две групи. 169 трудници практикувале јога по 1 час секој ден, во текот на второто и третото тромесечје од бременоста, додека 166 трудници пешачеле двапати дневно, по половина час, секој ден.
Истражувачите откриле дека кај жените кои практикувале јога бил двојно намален ризикот за предвремено породување (14% наспроти 29%), и во помал процент се породиле со царски рез (23% наспроти 33%) во однос на жените кои пешачеле. Кај јога-мајките, покрај тоа, бил утврден и понизок крвен притисок и подобра стапка на развој на фетусот.
„Подобрувањето кое го видовме кај мајките кои ги практикуваа јогиските вежби, и техниките на дишење и медитација може да се должи на зголемениот доток на крв во плацентата, намалување на преносот на стрес-хормони на фетусот и намалување на прераното излачување на хормони што го поттикнуваат породувањето, или на сите три фактори заедно“, вели коавторот на студијата, д-р Вивек Нарендран, асистент професор по педијатрија во центарот во Синсинати.
Студијата е објавена во Журналот за алтернативна и комплементарна медицина во 2005 година.
Без болки и мачнини
Две истражувања спроведени на универзитети во Тајван го испитувале влијанието на практикувањето јога во текот на бременоста и при породувањето. Во првата студија биле вклучени 88 трудници во последното тромесечје од бременоста, од кои 45 учествувале во програма за пренатална јога, а 43 ја сочинувале контролната група. Трудниците кои практикувале јога следеле тромесечен јога-курс, со по најмалку три часа неделно, во траење од 30 минути. Истражувачите утврдиле дека тие чувствувале помалку мачнини и болки во овој период од бременоста во споредба со контролната група, и дека се чувствувале поподготвени за чинот на породувањето.
Втората студија го следела породувањето на 74 трудници, од кои половина практикувале краток јога курс за време на бременоста, а другата половина биле контролна група. Јога-мајките доживеале значајно повисок степен на комфор за време на породувањето и 2 часа по породувањето, како и понизок степен на болки од контролната група. Покрај тоа, кај јога-мајките првата фаза на породувањето траела пократко, а тие, исто така, во просек се породиле за пократко време од мајките од контролната група.
Истражувањата се објавени во списанијата Комплементарни терапии во клиничката практика и Акушерство, во 2008 и 2009 година.
Помалку стрес и поздраво срце
Истражувачите од Вивекананда фондацијата за истражување на јогата од Бангалор, Индија неодамна спровеле уште едно значајно истражување за јогата во бременоста. Во оваа студија биле вклучени 90 трудници во 4. и 5. месец од бременоста, од кои половина практикувале јога и длабока релаксација за време на бременоста, а половина практикувале вообичаени пренатални вежби по еден час дневно. Резултатите покажале дека кај јога-мајките се намалило субјективното доживување дека се под стрес за речиси 32%, додека во контролната група тоа се зголемило за 7%. Покрај тоа, испитувањето на ефектите на релаксацијата кај јога-мајките покажало дека релаксацијата ја смирува работата на срцето и ги намалува промените во ритамот на отчукувањето на срцето, што го подобрува автономниот одговор на стресот кај здрави бремени жени.
Истражувањето е објавено во Меѓународниот журнал за гинекологија и акушерство во 2009 година.
5
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали е можна бременост по вазектомија?
Многу парови се прашуваат дали бременост е можно по процедурата познат...
Еднодневно мени за трудници богато со магнезиум
За време на бременоста, правилната исхрана е особено важна. ...
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?