Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
"Изберете работа што ја сакате и нема да мора да работите ни еден ден во вашиот живот" - рекол Конфучие.
1. Што претставува брендот M-Art Design?
M-Art Design претставува креативно катче во кое ќе пронајдете уникатни додатоци за Вашите книги и се она што е поврзано со книги.
2. Како се роди идејата за истиот?
Велат најоригиналните нешта се родиле сосема случајно, па така и идејата за M-Art Design дојде сосема случајно. Оние кои подобро ме знаат велат дека сум педантна личност, а таа моја педантност особено доаѓа до израз кога станува збор за книгите. Кон книгите се однесувам како кон скапоценост која треба да се чува и негува, па така сите книги кои сум ги прочитала воопшто не се оштетени, превиткани или обоени. Од тука се роди идејата да направам нешто за Нејзиното Величество Книга, најпрво да ја заштитам, а потоа и да ја „облечам“ во нешто достоинствено, модерно и штосно.
3. Колку време и труд беше потребно од идеја до реализација?
M-Art Design со работа започна на 1 август 2019 и со гордост можам да кажам дека беше првиот ваков бренд кој изработува акцесоари за книги. На почетокот имав само еден производ, тоа беа наметките за книги, а потоа се редеа еден по еден и останатите производи.
4. Какви уникатни производи нуди M-Art-Design
Производите се изработени од различни платнени материјали. Она во што уживам навистина е комбинирањето на материјалите, осмислувањето на дезенот на наметката. Посебен предизвик ми се наметките по желба кои ги изработувам со детали од филц. Досега имам изработено преку 150 дезени на наметки за книги.
Како што претходно напоменав M-Art Design први во Македонија започнаа да нудат наметки за книги и секако тоа е моето прво чедо во оваа волшебна приказна, а потоа следуваа обвивките за чаши со што читателите добијаа убаво комплетче за уживање.
За најмладите го креирав организерчето за моливи и боички. Секако тука не застанав затоа што веднаш потоа следеа и футролите за книги, киндле и последното мое „чедо“, навлака за перниче со џеб за книга.
Да не го заборавиме и Дневникот на прочитани книги кој благодарение на моите поддржувачи го доживеа своето второ издание. Истиот содржи 50 страници во кои можете да евидентирате 100 книги кои сте ги прочитале. Ова второ издание по сугестија на еден вљубеник на читањето има дополнителни 4 страници кои се краток список на прочитаните книги кои ги содржи Дневникот. Да не заборавам да се заблагодарам и до печатница I-Print кои на мојата замисла успеаја да и дадат еден ваков магичен лик.

3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли да се користи повторно тест за бременост?
Тестовите за бременост се едни од најчесто користените домашни медицин...
Грчеви и мигрена во бременост: како да ги спречите?
Бременоста носи многу промени во телото на жената. Покрај радоста и ис...
Приватна градинка, што треба да знаете?
За многу родители уписот на детето во приватна градинка е важна одлука...
Како да преживеете во минијатурен стан?
Животот во мал стан може да биде предизвик, особено ако просторот треб...
Зошто децата се најнемирни токму покрај мајката?
Многу мајки се соочуваат со истиот проблем детето е мирно во градинка,...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?