|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Христина, креатор на прирачник Направи сам

Марина Кљајиќ Петковски, 10.12.2022
Покрај што секојдневно на својот блог споделува креативни идеи за учење и развој на децата преку игра, од неодамна објави преубав прирачник за "Направи сам развојни играчки"

image
/11


 

Рингераја: Како што веќе ни кажа, Лео беше инспирација за создавањето на твојот блог. Сите овие години, несебично ја споделуваш тука твојата работа со Лео и инспирација си за многу родители. Гледано од денешен аспект, што за тебе претставува твојот блог? 

Христина: Да Лео беше целата инспирација за сето ова, и за она кон што прерасна мојот блог. Најпрво имав цел да будам свест кај секој родител дека рано развојната интервенција чуда прави и дека со навремена реакција и превземање акција се постигнуваат огромни резултати. Тоа мене ми се докажа преку работата со Леонид и затоа сакав на сите вас да ви го пренесам нашето секојдневие, да ви ја покажам нашата секојдневна работа, нашето патување, а со тоа и да докажам дека исклучиво на ваков начин се постигнуваат огромни резултати.

Од денешен аспект мојот блог сеуште го гледам како едно катче за инспирација со други мајки. Еден блог каде се дава огромна поддршка на секој родител. Блог каде несебично сакам да помогнам и дадам правец на родители кои првично се збунети и со страв и не знаат што се случува со нивното дете, и преку она што го пласирам со вас и отворено зборувам будам свест кај секој од нив, а имам мисија и за будење свест за рана стимулација. А за да не дојде до будење свест за раноразвојна интервенција нека биде будење свест за рана стимулација и развој на децата исклучиво преку игра, креирање, за да не се продолжи пандемијата која настана во последниве години наназад, а тоа е модерната нова дијагноза екранизација кај скоро секое трето дете. Сакам целосно да помогнам на сите, од срце да бидам поддршка и да подавам рака.

Секако од овој агол сега сакам да пренесам една порака дека со децата треба постојано да работиме уште од најраната возраст, нивното растење да биде сведено во игра и креирање, сакам да помогнам и дадам правец за тоа како можеме сите да бидеме креатори за своите деца. За почеток ни треба само една мала желба, поставена цел, мотивација и љубов за креирање и создавање моменти за паметење со нашите деца.

Со блогот јас ја живеам и својата животна страст, а тоа ми е и давањето помош и поддршка на секој родител, каде тоа го правам и преку групата што си ја создадов со мајки кои имаат дечиња со потешкотии во развојот и таму сите меѓусебно сме поддршка, помош, давање насоки, споделување искуства, а со тоа и си го олеснуваме и процесот да не лутаме по институции, а и сите меѓусебно се разбираме.

Рингераја: Покрај работата со тебе, за состојбата на Лео позитивно влијание има посетувањето на градинка. Но, за жал, соочувањето со еден немил настан остави длабок белег врз него, а посебно врз вас како негови родители.

Христина: Јас секогаш велам дека клучот за успехот на едно дете секогаш е кај родителот. Со тоа што јас вложив огромен удел во неговиот развој, напредок и секојдневната работа и вклучувањето на активности од моја страна, тука беа и неговите стручњаци логопеди и дефектолог, каде заедно како тим одлично соработувавме, заеднички ги пополнувавме дефицитот на Лео, и така заедно постигнавме брзи и огромни резултати, тоа сите уште во тие почетни моменти на работа го приметија.

Од сите проценки што ги поминуваше на секој извештај пишуваше дека задолжително му е потребно посетување на градинка. И така успеавме да го запишеме и среќни бевме што градинката ќе му служи за социјализација со дечиња и дека одлично ќе му дојде. Така и се покажа, брзо се вклопи и адаптира, си имаше другарчиња кои и до ден денес ги зборува и секојдневно ги спомнува по име иако е отпишан уште од април месец.

За жал случката со градинката ни го промени животот и на некој начин ни го отвори и патот. Тоа беше огромен стрес за цело семејство, посебно за мене која сето тоа го доживеа како некој да ме тресна од земја и во еден миг светот ми се сруши. Во дел од секундата низ главата ми помина како бумеранг цела слика од нашата работа, нашето трчање по институции, патувања по вежби, креирање игри, макотрпна работа, постигнувањето на резултатите, неизмерна среќа од тоа кај сме биле и кај е сега Леонид, и само како некоја кула од карти да ми се случи пред мене и само си поставив прашање зарем ова нас ни се случи?

И така после сето тоа ги превзедов и покренав сите мерки за кои треба да се одговара и институциите да си ја превземат работата во свои раце. Но и разочарана од тоа што се што функционира кај нас е тоа што моќта на институциите е во нивни раце па дури и кога се работи за заштита на правата на децата,тие си се штитат меѓусебно, како и се што се случува во нашата држава, треба да си многу моќен па да успееш системот да биде на твоја страна. За овој случај пуштена е и кривична пријава која сеуште обвинителството го нема отворено предметот.

Но целата оваа случка само ми го отвори патот и не донесе на подобро место за сите нас, ми покажа дека за жал во нашата држава колку и да сакаме да се бориме за нашите права и правата на нашите деца залудно го правиме тоа, на крај исходот скоро секогаш е тежок за да се избориш за сопствените права.

 

 

Рингераја: Од неодамна се случи една голема промена во вашиот живот - преселба во друга држава. Иако се уште сте во период на адаптација, на твојот блог каде споделуваш сегменти од животот во новиот дом може да се забележи позитивното влијание кое истиот го има врз вас. Како изгледаше целиот тој процес? Како го доживуваат децата?

Христина: Да од неодамна некаде од 27ми септември цело семејство се преселивме во Швајцарија. Клучот за брзата одлука и вложувањето на огромните напори за заминувањето од нашата држава беше поради случката со градинката. После таа случка, Лео веднаш го отпишав од градинка и си реков веќе тука не можеме да продолжиме понатаму, дефинитивно мора да бараме излез од тој систем. И така успеавме. Можам да кажам дека тука пристигнавме баш во идеален период за самите деца. Само што пристигнавме после неколку дена тука имаа есенски распуст, во овој Кантон Шафхаузен распустот им трае 3 недели, и тоа се покажа како одличен момент за адаптација на децата првично во новата средина, а откако се адаптираат на средината следуваше и адаптирањето во образованието.

Првично како и секоја промена па таа и оваа си бараше премногу трпение и смиреност. Кај двете деца и Леонид и Андреј се појавија несоодветни однесувања кои ги доживеав како сосем нормални поради промената. Се уште сме во процес на адаптација, но како и што напомена сето она што го споделувам со вас на социјалните мрежи тоа и ни се случува. Се наоѓаме на преубаво место Нојхаузен каде веднаш до нас се водопадите на реката Рајна, самото гратче е сместено како во шумичка, мирно и пријатно место за живеење. Јас велам дека ова е местото од моите соништа. Секогаш сум сакала да живеам во природа, чист воздух, мирно и тивко место. Градинката ни е веднаш под нашата зграда, а училиштето веднаш над нашата зграда.

Децата го прифатија ова место. Ани веднаш уште после 3 дена си најде другарчиња. Се шетавме да го запознаеме самото гратче, го баравме училиштето и така во дворот има терени за играње фудбал и таму веднаш им се приклучи на децата, веднаш почнаа заедно да играат фудбал и веднаш одлично го прифатија. И до ден денес си е другар со нив и секојдневно самиот си излегува да се дружи и игра со децата. А Леонид исто се вклопи, на игралиште си најде другарче од Куманово, и тие се преселени тука пред повеќе од пола година, па си се дружат и играат кога ќе се сретнат на игралиштето.

Само што во градинка сеуште не е целосно вклопен, му треба време поради јазикот, не ги разбира ништо, и ми вели па тие не ми зборуваат, јас сакам другите другарчиња да се тука Алексеј, Јован, Лука, Петар, Стефан, тие нека дојдат тука (тие се другарчињата од градинката од Кичево, сеуште ги нема заборавено и постојано бара да ги види на камера).

 

Рингераја: Каков е образовниот систем во Швајцарија? Ани и Лео се вклучени во воспитно образовниот процес и кога би направила една паралела со досегашното искуство во Македонија, што би заклучила?

Христина: Да веќе започнаа со училиште и градинка од пред 2 недели. Андреј моментално е само на учење германски, така ќе биде од 4 до 5 недели, така ни посочија на првиот состанок, но веќе денес добивме нова информација ни закажале состанок каде треба да се запознаеме со учителката од неговиот клас, и на состанокот ќе соопштат што понатака со Андреј. До сега постојано е со одлични резултати, секојдневно е со пофалби, брзо учи се она што му е зададено за учење, се е учење преку игра. На час кога ќе завршел тој со неговото испрашување учителката дава насока да си оди да си игра во една просторија веднаш до училницата, со стакло е преградата каде децата таму имаат играчки за нивна возраст, мини трамболина, и Ани таму секогаш си играл. Со ова,тој постојано дома иде исполнет и со насмевка.

Уште од стартот на првата средба со учителките впечатокот беше само за пофалба и фасцинираност. Тука буквално сите се топли, посебно во образованието, но и во сите институции каде што сме биле до сега. Те прифаќаат и пречекуваат со топлина, насмевка, смирен и нежен тон на разговор, се спуштаат на висина на детето, подаваат рака и погалуваат по глава. Буквално овие моменти мене стартно ме воодушевија и фасцинираа. Топлината на народот и нивниот топол тон на обраќање и разговор ми се нешто кое треба да биде секојдневие кај сите нас.

Имавме состанок кој секој родител би посакал да го има, и кој треба да биде нормално и секојдневие за една образовна институција.

Истото е и со Леонид во градинката. Учителката со насмевка, топлина и ведрина не пречека. Веднаш и  соопштивме за состојбата на Леонид, им доставивме и извештај од последна проценка на Леонид, и ни соопштија дека во текот на 2 недели ќе го набљудуваат и ќе напишат извештај и ќе посочат дали ќе треба да се вклучи центарот кој служи за помош и поддршка на децата и родителите кои се во вакви исти или слични ситуации. И така и направија, ни закажаа нов состанок за наредна недела, каде ни обезбедиле и преведувач за да можеме целосно убаво да се разбереме, дека оваа учителка не го владее убаво англискиот и сака се детално и убаво да ни објасни. Па така со нетрпение ги очекуваме состаноците за двете деца.

А кога зборуваме за систем и споредба па јас мислам дека со сето ова што кажав до сега нема ни потреба тоа да се коментира или да се спореди. Само можам да кажам дека Македонијо моја драга светлосни години сме некаде заглавени назад, незнам во кој век. Жално е, вистинито, реално и боли.

Перфектен систем, се е под конец, и пресреќна сум што мојот сон се оствари, децата да ми живеат и растат во ваква средена држава и систем кој цвета. 

Рингераја: Пред извесно време ни навести дека работиш на некој проект, а неодамна ни откри за што станува збор. Креатор си на прирачник за "Направи сам (diy) развојни игри, кој веќе официјално е пуштен во продажба.

Кажи ни подетално за истиот.

Христина: Да конечно Прирачникот излезе на продажба и истиот може да се набави по промотивна цена од 10 евра до крајот на годинава, после цената се покачува. Кај мене на профилот на Инстаграм во био ги има линкот каде може да си го набавите.

Инаку самиот Прирачник е создаден со огромна љубов, направен е за сите идни креатори, и сите оние кои сакаат да креираат игри за нивните деца, но не знаат од каде да почнат. Јас со овој Прирачник имав една цел, а тоа е помош на секој родител, давање на правецот и охрабрување дека сите можеме да бидеме креатори и да создаваме игри за нашите деца.

Дојдовме во едно такво време невреме каде технологијата од мали нозе зеде замав врз децата, доаѓаат генерации каде екранизацијата го направила огромниот удел и проблем во градењето на една индивидуа, се поремети централниот нервен систем, и после веќе се бара помош за оправдање на тоа дете, и на некој начин сакам да укажам дека наместо да дојде до тоа ние треба свесно уште од самите почетоци кога детето е во утробата да се едуцираме за оваа проблематика и за растењето на едно детенце. Се е во наши раце и клучот за успехот и развојот на едно дете е во наши раце. Затоа ајде ние да им бидеме огледало и да им го покажеме правецот. Едукацијата и постојаното учење за тоа како функционира еден детски развој треба да ни биде секојдневие и секој од нас постојано да истражува и да даваме значење на тоа колку е важно вклучувањето на развојната игра за самото дете уште од неговиот ран детски развој.

Прирачникот е составен од 154 страни, во кои има преку 130 идеи за игри, сместени во посебни категории, каде детално секоја игра е објаснета како се креира за што служи, кои материјали ви се потребни за изработка и кои се придобивките од истата. Јас додека го пишував и креирав самиот прирачник фасцинирана бев кога го пишував делот за придобивката од играта и си велев па Кики види од само една обична игра која ти си ја креирала за своето дете си создала производ кој види само колку проидобивки има оваа игра за твоето дете.

И сето тоа ми даваше мотив плус да пишувам и пренесам на едно место сето она што ние сме го креирале до сега во домашни услови за самите деца, да ви го покажеме нашето патување, да ве донесеме во Царството на детската игра и креирањето, и да ви продадеме рака и да ве охрабриме дека и вие можете да бидете креатори за своите деца.

И после самото пласирање на пазарот јас сум фасцинирана и пријатно изненадена како добив позитивни реакции, заинтересираност за самиот Прирачник, и сеуште сум некако како во сон и неверување. Но сепак веќе сум свесна што направив и горда што мојот труд ќе биде од помош за многу родители. И секогаш велам дека се што создаваме со чиста емоција, од срце и со голема Љубов, и со тоа што сме благодарни за се што имаме и за тоа каде сме сега, и како му се радуваме на секој миг од нашето живеење, така изобилието ни доаѓа од сите страни.

Рингераја: За крај, што би им порачала на читателите?

Христина: За крај се што би сакала да пренесам и да допре до сите, а тоа е негување на вашето дете во себе. Дадете му љубов и сакајте се. Вашата љубов пренесувајте ја на вашиот круг и вашето семејство, верувајте дека љубовта ќе ви биде пренесувана во преголеми размери, и изобилието ќе ви доаѓа неизмерно од сите страни. Со тоа ќе го почуствувате и мирот во вашата душа, а тоа е најважниот момент за една индивидуа. Свесно живејте го секој миг сега и тука и уживајте во растењето на вашите деца. Секојдневно работете на себе си да станете подобра верзија од вчера.

Преку креирањето на овој Прирачник сакав истото да го пренесам, дека сите ние можеме да бидеме креатори за своите деца, можеме да создаваме спомени и мигови за паметење, за нив, во тие моменти кога сме им најпотребни, а тоа е во моментите на нивниот ран развој и оформувањето на самата личност во нивните почетоци од нивниот живот.

Затоа бидете со нив, покажете им го правецот и заедно чекорете во царството на детскиот свет, а тие ќе ви бидат благодарни за тоа. Секое дете посакува присутен родител до него, затоа да им обезбедиме детство исполнето во игра и наше внимание.

Благодарност до Христина за издвоеното време. И посакуваме многу успех! 

Прирачникот е во продажба и можете да го купите на линкот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Homo balkanikus – идеал на машкоста
Неизбежниот златен ланец, клучеви од Мерцедес и најмалку два најмодерни телефони треба да и се покажат на дамата, пред т...
3
Фото: Свадбата на Каролина Гочева
Вчера, Каролина Гочева и Михаил Корубин го изговорија судбоносното „ДА“ на магична церемонија која се одржа на спортскио...
3
Фотографии од свадбата на Елена Ристеска
Елена Ристеска и Бојан Ивановски синоќа стапнаа на лудиот камен. Во прилог се неколку фотографии од нивната свадбена вес...
3
Peace масажер
Парче мир за вас. За обновување на пријателствата.
3




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?