Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Секако дека ќе се прогласи меѓународен ден на млекото кога тоа претставува основен дел од нашето секојдневие!
Без разлика дали го пиеме без ништо, готвиме најразлични рецепти со него, или конзумираме производи направени од млекото, ние просто секој ден не можеме без МЛЕКО!
Во чест на овој весел ден каде што се прославува млекото ние на нашите драги рингерајци ќе им предложиме неколку забавни игри поврзани со млекото! Вашите најмили нема да останат рамнодушни а уште помалку би одбиле забава! А верувајте, без сомнение забавниот вртлог ќе ве повлече и вас! :)
Млечен експеримент!
Поедноставно не може да биде. Земете една чинија, истурете во неа малку млеко. Потоа земете од течните бои за готвење, оние кои ги ставаме во колачите и тортите. Капнете од различни бои неколку капки во чинијата а потоа со сјај за миење садови истурете една капка. Останатото си го прави самото соединение. Набљудувајте како боите магично се мешаат и создаваат уметнички дела!
Кликнете ТУКА за да погледнете и интересен клип со овој магичен експеримент!

Сврти ја стрелката!
Вистинска забава за појадок! Само исечете круг и стрелка од картон, закачете ги со цевка или шпенагла, а на кружниот картон испишете различни активности. Каде ќе застане стрелката таа активност се извршува.
Еве неколку примери од нас
- ИСПИЈ ГО МЛЕКОТО ОД ЧУДЕН САД
- СТАВИ КАКАО ВО МЛЕКОТО
- ПРЕГРНИ ГО ТОЈ ОД ДЕСНАТА СТРАНА
- СВРТИ ПОВТОРНО
- ПОМОГНИ ДА СЕ РАСКРЕНЕ МАСАТА
- ИЗМЕШАЈ ДВА ВИДА НА КОРНФЛЕКС
Идеите ги оставаме на вашата фантазија :)

Украси ја чашата!
Во плитка чинија истурете шарени мрвици. Врвот на чашата намачкајте го со малку мед и превртете го во мрвиците. Откако ќе се налепат сипете го млекото и послужете ги шарените чаши!

Куќичка од картон!
Откако ќе се испие млекото, разбудете ја креативноста со тоа што ќе изработите куќички од амбалажата.
Еве неколку примери:


Млеко во боја!
Едноставно додајте малку боја за готвење во млекото и имате млеко во боја. Интересно за пиење :)

4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Цел ден за себе, одмор за умот и телото
Цел ден само за себе е ретка можност да се поврземе со нашите мисли, ж...
10 совети за нега по појава на првото запче кај бебето
Појавата на првото запче е важен момент во развојот на бебето. Иако е ...
Женското здравје претставува комплексен и важен дел од целокупното здр...
Како хормоните го контролираат процесот на зачнување?
Хормоните го регулираат менструалниот циклус, овулацијата и создаваат ...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?