|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Играчки прилагодени на возраста на детето

Редакција Рингераја, 5.6.2012
Пред да купите играчки за своето дете, водете сметка тие да одговараат на неговата возраст. Еве неколку предлози...

image
/71


 

 

Низ игра и забава детето ќе ја  развие својата интелегенција, моторика и стратегија, доколку  добие вистински поттик. Во однос на психолошките фази на развојот на детето, пронајдете играчки кои ќе му помогнат да ги развива своите способности.

 

0-12 месеци

Во првите три месеци бебето ја набљудува околината. Неговиот вид е се уште заматен и затоа најдобро забележува  светли предмети и јаки бои. Како бебето расте така ќе ужива во играчките кои ги дразнат и другите сетила – сетилото за допир и слух. Затоа многу играчки за оваа возраст се дизајнирани да испуштаат звуци и да бидат меки на допир. Бебињата исто така често ги гризат играчките за да ја ублажат болката која настанува заради растот на првите запчиња.

 

0-12

 

Од 1-2 години

Во овој период бебињата уживаат во играчки кои поттикнуваат интеракција, кои ќе им помогнат да ја подобрат својата моторика. Вашето дете на оваа возраст ќе сака играчки кои по притискањето на копче пуштаат музика, или играчки кои скокаат и се поместуваат. На оваа возраст детето е многу мало за да зборува, но ќе ужива во интеракција и комуникација.

 

1-2

 

2-3 години

Играта на Вашето дете сега има некаква цел, бидејќи детето развило чувство за цел на некоја работа. Во овој период децата почнуваат да играат игри во кои имитираат однесување на луѓето околу себе. Ќе им се допаднат играчки кои испуштаат звуци од вистинскиот живот како што е ѕвонење на телефон или кукли кои зборуваат. Момчињата ќе си играат со камиони, додека девојчињата ќе ги третираат своите кукли како бебиња. Во овој период и момињата и девојчињата се многу активни.

 

2-3

 

4-5 години

Во овие години доаѓа огромна желба за учење кај децата, а ова е добро време да ги запознаете со интерактивни играчки кои поттикнуваат едукација во областа на математиката и добрите вербални способности. Децата се во можност да замислат дека се некој друг и почнуваат да мечтаат за тоа да бидат полицајци, пилоти, доктори и учители.

 

4-5

 

6-7 години

Вашето дете развива сопствени интереси учејќи од наставниците и врсниците. Некои деца сакаат да прават научни експерименти (под родителски надзор) додека некои сакаат да прават накит од тестенини, или да си играат со кукли. Пријателите стануваат исклучително важни во животот на Вашето дете и тоа ќе Ви бара играчки какви што имаат сите. Ова е период кога децата стануваат фанови на компјутерските игри, но сакаат да поминуваат време и со врсниците занимавајќи се со некаков спорт. Сакаат музички играчки, но свирењето на некаков инструмент се уште може да биде претешко за нив.

 

6-7

 

8+

Децата на оваа возраст уживаат во спортот и сакаат да си играат надвор од дома. Сакаат точаци, ролери и топки. Девојчињата ја сакаат уметноста и пишувањето во дневник, а на момчињата им се најинтересни компјутерските игри, кои можат да бидат добри бидејќи ги поттикнуваат децата да ги развиваат своите вештини и да се натпреваруваат со пријателите.

 

8+

 

 

Извор: Yumama

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Мамо, живеј ми уште долго, долго...
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата куј...
4
Подготовки за првиот училишен ден
Првиот училишен ден е возбудлив момент не само за првачињата, туку и за нивните родители.
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?