Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: gjurgjica9
Датум на породување: 29.10.2010 година
Тип на породување: природно
Болница: Државна болница Марибор
Еве ја и мојата приказна.
Во февруари 2010 бев изненадена што циклусот ми доцнеше, не очекував да сум бремена, после толку обидување. Но циклусот го немаше 7 дена, а јас возбудена отидов да купам тест. Со насмевка на лицето и пресреќна трчав накај дома. Го направив тестот и замислете двете предолго чекани црти се појавија. Плачев. ПРЕСРЕКНА одма му ја соопштив веста на мажот ми и на ќерка ми, бидејќи веќе имам родено, чекав второ дете. Долгите 9 месеци започнаа со потешкотии, со мачнини. Бидејки сум од Македонија, а живеам и работам во Словенија, не знаев како се' ќе помине. Секако, го посетив мојот гинеколог тука во Словенија и за прв пат го видов бебето.
Поминуваа месеци, а јас едвај чекав мојот ангел да е покрај мене. Влегов во 9-ти месец и еве ти потешкотиии. Јас веќе отворена 2-3 см, а терминот за породување беше 24 ноември. Како и секоја мајка ме фати паника. Морав да лежам, да одмарам. НА 29 октомври имав закажано ЦТГ. Отидовме заедно со маж ми и се беше нормално, бебето беше мирно, спокојно, се беше во ред. Се вративме дома и јас добив некоја желба за чистење по дома, уживав. Некаде околу 13 часот почувствував јака болка во стомакот, како нешто да падна од мене. Се исплашив. После 5 мин. почна да течи вода од мене. Тоа е тоа, си реков. Ми пукна водењакот. Бидејќи веќе бев отворена морав што побрзо да одам во болница. А јас пресреќна што наскоро ќе го видам моето бебе. Ме примија на одделение, кое секако е многу поразлично од тоа во Македонија, ме сместија во собата и бабицата дојде да ме прегледа. Ништо, само 3 см. отворена и ништо повеќе. Испаничив! На саат време докторката идеше и ме прегледуваше и пак ништо. Ме приклучија на ЦТГ, но никакви знаци дека бебето ќе излези надвор. И така си лежев , го слушав отчукувањето на срцето на мојот мал ангел. Не поминаа неколку минути дојде сестрата и ми даде инфузија и инекции да можам да добијам болки, но пак ништо. Почнав да чувствувам јаки болки, неиздржливи, мачни, а никако да се отворам. И се така до 20 и 30 мин кога дојде да ме посети бабица. Ме прегледа и ми рече ако за пола саат не се отворам ќе ме прати на царски рез бидејќи детето не може да издржи, може да се загуши. Ме фати паника. Веќе бев исцрпена од напорните болки, кога одеднаш се појавија во мојата соба сестри, доктори. Ми рекоа дека е време, а јас немав веќе сила за ништо. И така со помош на предобрата и упорна бабица и со најпрекрасните сестри во 21 и 15 дојде на свет мојот ангел Филип. За момент го здогледав, беше прекрасен. Сите болки, сите маки веќе беа заборавени. Тежеше 3400гр. и долг 52 см. Бидејќи беше роден во 37 недела во Словенија го сметаа како недоносено бебе, па одма ми го однесоа на интезивна нега. Беше таму 2 дена па конечно ми го донесоа во собата, а јас не можев да поверувам дека моето бебе е покрај мене. Останавме уште некој ден во болницата бидејќи Филип имаше жолтица.
Рингераја му посакува среќно детство на Филип !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?