|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Анастазија Терзијева ја раскажува својата приказна за практикување на јогата во бременоста, за подарокот кој си го подарила себеси и на своето бебе...

image
/11


Јас на својата приказна многу добро се сеќавам, иако оттогаш поминаа 8 години. Благодарение на тоа што секој момент го проживував со целосна свесност, како со сите пори да го вдишував секој момент, онака како што ме научи јогата и пред бременоста, во претходните 7 години. Тоа искуство беше многу важно, за промените кои ги донесе бременоста да не ме дисбалансираат воопшто. Едноставно имав знаење како новините што се случуваа во животот да ги прифатам со добредојде, без многу стресови и напнатост. Сé што се случуваше уште од самиот почеток беше прекрасно доживување, нови откритија и сознанија, освестување дека новата ситуација ќе донесе и мој растеж

Техниките на јогата го наоѓаа своето место и примена низ сé што поминувавме заедно со бебето. Иако во текот на бременоста телесната тежина ми се зголеми 18 килограми се чувствував лесно благодарение на асаните (телесните положби), постојано подвижна со чувство на внатрешна сила и без никакви тешкотии. Тие придонесоа и да ја задржам еластичноста и цврстината на мускулатурата. Не чувствував никакви болки на кои обично трудниците се жалат, туку спротивно од тоа своето тело го чувствував во топ-форма, немав никакви ограничувања ниту во поодминатите месеци на бременоста.

Не се чувствував уморно благодарение на техниките на релаксација кои се едноставни и може да се применат секогаш кога за тоа има потреба.

Со примена на комплетното јогиско дишење и на другите техники на дишење (пранајама), освестував како плодот постојано има квалитетен доток на кислород.

Во моментите на немир и неизвесност што се јавуваат поради зголемената чуствителност и неодговорените прашања, ми помагаа техниките на концентрација и медитација. Во тивките моменти на практиката на медитација, го чувствував бебето и радоста што ме обземаше. Во тие моменти на интимна комуникација со бебето се чувствував комплетно и исполнето.

Претходната подготовка со јогата даде резултати и во чинот на самото породување. Релаксацијата и дишењето ги применував при породувањето, проследено со максимална свесност за сé што се случуваше. Внатрешниот мир што го чувствував, не дозволував во ниеден момент да биде нарушен од надворешните дразби, што е многу важно за фокусираност на вниманието и енергијата, а не нивно непотребно расфрлање.

Она што е многу важно и е непобитна вистина во оваа приказна е дека покрај сите придобивки што може да ви ги даде јогата во секој момент од животот, па и во бременоста, е фактот дека на вашето дете, уште пред да се роди, му давате еден прекрасен подарок - јогата - со сета нејзина мудрост и убавина.

И кога кај тоа дете растејќи во својот живот се јавува природната потреба за духовност што ја чувствуваме сите (а децата особено зашто нивната духовност не е извалкана од материјалноста), вие сте тука да го одржувате тој интерес наместо да го загушите, да му дадете одговор и на таквите прашања делејќи го своето знаење со него. Одговорноста за детето започнува и пред зачнувањето, и расте секој ден сé повеќе и повеќе, зашто вие сте неговиот прв учител и зошто да го губи времето во трагање на одговорите надвор, кога може да учи од вас и од вашето искуство. За децата кои имаат родители што се занимаваат со јога се вели дека имаат добра карма, зашто родителот веќе изодел дел од патот, а на детето останува само да го продолжи тој пат, патот на духовноста, мудроста, убавината и добрината, патот на среќата.

Денес гледајќи го својот син пораснат во прекрасно дете, ведро, насмеано, секогаш расположено за многу зборување и прашување, со силен и цврст карактер, подготвено да помогне, но и неуморно во настојувањето да го исполни она што го наумил, верувам дека удел има и она што го чувствував во пренаталниот период кога заеднопрактикувавме асани, медитиравме и комунициравме без зборови.

Би ги советувала сите идни мајки да им ја подарат јогата на своите деца уште пред да се родат, а и на себеси, и да внимаваат во моментите на мир, тишина и спокојство, во моментите на релаксација и медитација што му посакуваат на своето бебе, зашто тоа ќе ве свати сериозно и тоа и ќе го исполни.

За жената која е бремена се вели дека е благословена и од Бога. Како ќе го проживееме тој благослов останува на нас.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тестови за бременост
Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
5
Болести во бременоста
Настинка, кашлање и пролив, се не многу опасни болести, но многу трудници се прашуваат дали би можеле да му наштетат на ...
5
Промени во телото на трудницата
Се прашувате дали сето ова што вам ви се случува е нормално? Еве еден текст како објаснување, што се случува во организм...
5
Започна...
Контракциите започнаа. Што сега? Како да ги препознаете вистиниските контракции?
5




Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?